Најмоќното овошје кое може да го забави развојот на леукемија и рак на дебелото црево, но и да го намали крвниот притисок!

Фото: Pexels
552

Можеби најмоќното овошје кое може да го забави развојот на леукемија и рак на дебелото црево, но и да го намали крвниот притисок, се акаи бобинките! Се разликува од другите овошја по големата количина на протеини, што инаку не е карактеристично за овошјето.

Aкаи бобинките се исклучително барани поради пропагирањето на трендот на пролетна детоксикација и слабеење. Станува збор за плодови на стар вид палми што растат во топлите и влажни предели на амазонските шуми. Тие се разликуваат од другите овошја по нивната голема количина на протеини, што инаку не е карактеристично за овошјето.

Благодарение на високите диететски влакна, фитостероли, амино киселини и мононезаситени масни киселини, акаи бобинките го поттикнуваат здравјето на кардиоваскуларниот и дигестивниот систем. Составот на нивните масни киселини е сличен на составот на маслиновото масло. Олеинската киселина со омега-3 масни киселини ја стимулира активноста на хормоните и невротрансмитерите и ја зголемува чувствителноста на рецепторите на инсулин, со што го спречува развојот на дијабетес тип 2 и воспаление во организмот.
Антоцијаните, кои ги има многу и во црното грозје, се моќни антиоксиданти кои ја зголемуваат отпорноста на телото на болести, го подобруваат здравјето на срцето и циркулаторниот систем и штитат од дегенеративни болести и рак.

Една студија на Флорида покажала дека акаи бобинките можат да го забават развојот на леукемија и рак на дебелото црево. Истражувањата врз животни покажуваат дека редовното консумирање на овие бобинки ги проширува крвните садови, а со тоа придонесува за намалување на крвниот притисок.

Ова овошје содржи витамини Е, Ц, Б1, Б2, Б3 и минерали како што се железо, калиум, фосфор и калциум. Исто така, постојат голем број корисни фитохемикалии – фенолни киселини, антоцијани, проантоцијанидини и други флавоноиди, олеинска киселина, бета-ситостерол и влакна.