Производи за мерак, дами за пример: Недела на бестрашни жени-производителки на храна и пијалаци

Фото: Pexels
622

Ако сте од оние што сакаат да знаат од каде доаѓа храната што ја купуваат и им ја сервираат на своите најмили, тогаш еве идеја каде можете да ја искористете паузата за ручек и за да јадете и за да испазарите за дома и за да се запознаете со производителките. Да, да, сите се жени, бидејќи утре почнува неделата на бестрашни жени

Бестрашни жени-производителки на храна и пијалаци утре (6 март), од 11 до 16 часот во ресторанот „Гранче“ во комплексот Мида во Скопје, ќе ги претстават своите производи, а младата Сара Трајковска ќе ги спакува во мали, слатки и здрави оброци кои ќе се најдат на утрешното мени.

За сите оние кои сакаат да знаат од каде потекнува храната што ја купуваат и храната што им ја сервираат на своите најмили, наместо да го одберат полесниот пат – да одат во супермаркет и да купат храна за која не знаат ништо, утре во „Гранче“ ќе можат да присуствуваат на интересна дружба со жените, локални производителки на храна и пијалаци, членки на Slow Food Vodno.

Настанот е во организација на Slow Food Vodno и @Гранче, а ќе можете да ги пробате и, ако сакате, да мармалади од дива шипка, дива капина, ем луто ем благо со црвена пиперка, производени од Мирјана Ангелеска Angeleski Sweet Delights, органски салати и зеленчуци, произведени од Милица Петрушевска @Green Republic / Зелена Република, производи од македонски тартуф, произведени од Валентина Митревска Tuf.mk, органски путери од јаткасти плодови, произведени од Марија Димовска Bonita Organic Nut Butters, традиционална лозова ракија произведена од Јуле Динова V’K Fine Craft Rakija, вина произведени од Венера Гелебешева Крстиќ Jostela Winery.

Шеф Сара Трајковска од сите овие производи состави привлечно и вкусно мени со пристојни цени.