Мед и млеко, ама и мед и ореви: Ако имате проблем со неплодност или со потенцијата…

Фото: Pexels
318

Mедот и оревите ги користеле уште старите Римјани во обредите за плодност, но оваа комбинација е добра уште за многу други работи, меѓу кои, на пример, за повеќе енергија, за имунитет, за подобра циркулација и издржливост

Комбинацијата на мед и ореви се користела уште многу одамна, дури и со векови, главно заради зголемување на сексуалната моќ и плодноста.

Рецептот за ова е едноставен и за оваа намена, освен мед и ореви, потребна ви е павлака или кисело млеко. Сите состојки помешајте ги и консумирајте ги.

Медот го стимулира производството на тестостерон кај мажите. Освен тоа, истражувањата покажале дека три лажици мед значително го зголемуваат нивото на азотен оксид, хемиско соединение кое е најдено во крвта на мажите во текот на сексуална возбуда.

Од друга страна, оревите содржат голема количина цинк, што е клучен елемент за развој на сперма.

Двете состојки се делотворни во подобрувањето на општото ниво на енергија, циркулација и издржливост во текот на сексот.

Подеднакво е делотворен и кај мажите и кај жените, доколку страдаат од неплодност или имаат ниско либидо.

Оревите се многу добри за подобрување на функциите на мозокот поради своите хранливи материи, особено омега-3 масните киселини. Тие имаат и висока содржина на елагинска киселина која е природен антиоксидант. Оревите содржат 9 отсто јагленохидрати, 83 отсто масти и 8 отсто протеини.

Имаат одлично дејство како природен третман за:

Воспаленија при кожни болести, како псоријаза и егзем
Снижување на холестерол
Спречуваат појава на тумори
Го намалуваат ризикот од Алцхајмерова болест
Депресија
Здрави коски
Несоница.

Препорачаните количини ореви во текот на еден ден се до 100 грама. Поголема количина може да предизвика диареја и надуеност.

За медот веќе сме пишувале, а неговата примена одамна се покажала како делотворна кај многу болести.

Медот добро влијае врз работата на срцето па се применува кај тешки срцеви проблеми.

Влијае врз покачениот крвен притисок. Во неговиот состав има калциум, калиум, натриум, магнезиум, железо, хлор, сумпор, фосфор.

Овие соли во медот учествуваат во создавањето црвени крвни зрнца, доколку добро се апсорбираат и се искористат во организмот.

Медот во саќе при џвакањето придонесува за деизнфекција и чистење на забите како и за јакнење на непцата.

Во медот има витамини од групата Б, кои ја подобруваат работата на нервниот систем, витамин Е кој е важен за плодноста, витамин, А, Ц и други кои се силни антиоксиданси и го блокираат дејството на отровните материи од околината врз човечкиот организам.

Ако се спремате за некој тренинг или имате потреба за повеќе енергија, земете мед 15-30 минути пред било кое физичко оптоварување.