Чајот од босилек е чистач на организмот, смрт за воспаленија и инфекции

Фото: Unsplash
1.239

Чајот од босилек има многу лековити ефекти, а меѓудругото, погоден е и за проблеми со дишните органи, кашлица, бронхитис, астма, синуси, спречува разни инфекции и уште многу други

Чајот од босилек се користи за ублажување на инфекции и воспалителни процеси во организмот. Содржи камфор, минерални соли, растителни влакна, есенцијални масла и многу други корисни материи. Покрај тоа, тој е богат со витамини А, К, Ц и Б6, а од минерали содржи магнезиум, манган, калиум и железо.
Има многу лековити ефекти, од кои најважни се:

против болки во мускулите

спречување на болести на органите за варење

кај проблеми со бубрезите, мочниот меур и мокрењето
против несоница и хроничен замор, главоболки
за настинки, грип, бронхитис, астма

за проблеми со кожни болести
спречува разни инфекции

Кашлица

Чајот од босилек е погоден за проблеми со дишните органи, кашлица и исфрлање на слуз. Воспалението на органите за дишење доведува до кашлица, која често може да биде постојана и непријатна.

Овој чај може да ги исчисти бронхиите и да помогне во исфрлањето на слузта која ги надразнува дишните патишта. Ја смирува кашлицата и постепено, со неговата редовна употреба, кашлицата престанува.

Синуси – инхалација

Повеќето луѓе често имаат проблеми со кивање, синуси и затнат нос, без разлика дали се работи за алергиска реакција или воспалителен процес.

Чајот од босилек успешно се користи за инхалација на следниов начин:

Во литар врела вода ставете две лажици сув босилек и оставете го да отстои покриен 5 минути. После тоа, започнете со вдишување така што ќе го ставите лицето над садот за чај, ќе ја покриете главата со крпа и дишете длабоко.

Возрасните можат да се инхалираат неколку минути, а децата само 2-3 минути. Доволно е да ја повторите постапката двапати во текот на денот.