Како да зачините салата без масло? Не ja фрлајте течноста од теглата со маслинки!

Фото: Freepik
892

Ако мислите дека за време на пост мора да јадете безвкусна салата или сосема да ја прескокнете, еве одлична идеја како да ја зачините и без масло. Освен што ќе ѝ додадете вкус, ќе ѝ додадете и уште некои здравствени придобивки. Имено, сокот од теглата со маслинки го намалува холестеролот и ризикот од дијабетес, а го подобрува и здравјето на срцето

Велигденските пости неделава ја имаат својата завршница, па дури и дел од оние кои не постеле во претходните 40 дена, се одлучуваат на постење во текот на оваа последна недела од најдолгиот пост. Знаеме дека речиси целиот пост е на вода, па не е лошо кога ќе најдеме некоја добра идеја со која постењето станува полесно, повкусно, па дури и поздраво.

Познато е дека екстрактот од листовите од маслинки го става овој плод меѓу највредните билки на денешницата и со право ја носи титулата на еден од најголемите природни антибиотици.

Токму маслинките се најчесто дел и од посните трпези, но дали знаевте дека и течноста од теглата со маслинки има здравствени придобивки? Имено, таа го намалува холестеролот, го подобрува здравјето на срцето и го намалува ризикот од дијабетес.

Затоа, следниот пат, добро размислете пред да одлучите да ја истурите во мијалникот.

Маслинките во теглите се наоѓаат во саламура, која е мешавина од вода, оцет и сол. Веројатно веднаш штом ќе ја изедете последната маслинка, ќе ги истурите остатоците од саламура во мијалникот, но можете да ја користите на неколку начини. Всушност, постојат многу здравствени придобивки.

Маслиновиот „сок“ содржи мононезаситени масти кои можат да помогнат во борбата против воспалителни болести, намалување на холестеролот, подобрување на здравјето на срцето и намалување на ризикот од дијабетес тип II. Покрај антиинфламаторните својства, содржи и витамин Е, што значи дека можете да ја користите за масажа на темето и со тоа да го поттикнете растот на косата.

Покрај здравствените придобивки, содржи и многу ароми. Бидејќи сокот е само мешавина од оцет, вода и сол, можете да го користите приближно на ист начин како што би користеле обичен оцет или масло за да зачините јадења.

Накратко, слободно започнете да додавате сок од маслинки во својата секојдневна исхрана!
Како да се користи сокот од маслинките?

Оваа течност има солен, кисел и убав вкус, па затоа, освен што можете да ја користите како прелив за салати за време на постите, таа е и одлична маринада за месо.
Можете да ја користите за зачинување на свински котлети и како маринада за шницли. Може да се користи наместо вода во сосови за пица и тестенини, но исто така и како замена за бујон. Маслинките често се користат во медитеранската кујна, па затоа таа е добро место да побарате инспирација за примена на оваа течност – помислете на хумус, леб со маслинки и сосови базирани на јогурт.
Друга причина зошто дефинитивно треба да го зачувате сокот од маслиново масло е подготовката на мартини. Препорачуваме да го подготвите овој коктел со додавање на 15 мл од течноста од маслинките 30 мл џин или вотка и 15 мл вермут.
Ако сакате да ја зачувате оваа течност откако ќе ги изедете маслинките, префрлете ја од теглата во херметички затворен сад и чувајте ја во фрижидер до една недела или два месеци во замрзнувач.