Со каква лажица земате мед? Метална или дрвена лажичка, што е вистинскиот избор?

Фото: Unsplash
465

Дали металната лажица е подобар избор и зошто многу луѓе ја избегнуваат кога станува збор за медот? Ова е заблуда која потекнува од времето кога лажиците биле направени од алуминиум.

Со каква лажица црпите мед? Ако го правите тоа со метална лажица, можеби ќе слушнете предупредување дека тоа не е многу паметно и дека е подобро да се одлучите за дрвена. Неодамнешното истражување, пак, открива дека дрвените лажици за мед не ги задоволуваат хигиенските стандарди бидејќи не смеат да се мијат во машина за садови или со детергент, бидејќи секогаш апсорбираат дел од него, а доколку се мијат без детергент, ризикот ризикот од зараза.

Во тој случај, дали металната лажица сепак е подобар избор и зошто многу луѓе бегаат од неа кога е медот во прашање? Ова е заблуда која потекнува од времето кога лажиците биле направени од алуминиум. Со оглед на киселоста на медот (3,5 до 5,5 pH), органските киселини растварале дел од металот од алуминиумските лажици и алуминиумските садови, па се препорачувало да се зема мед со дрвена лажица, за металот да не го промени составот на медот.

Со појавата на инокс, металната лажица е сепак подобар избор. Денес медот се чува и складира во буриња од инокс, а се вади од саќето со опрема од инокс. Овој материјал е генерално препорачлив метал во пчеларството, така што медот може да се земе без никакви проблеми со лажица од инокс, што е денес стандард. Сепак, за да бидете сигурни, особено ако не сте сосема сигурни во точниот состав на вашиот прибор за јадење, штом ќе земете мед, не ја оставајте лажицата таму подолго време.