Многумина советуваат дека белиот леб треба да го избегнуваме поради високиот гликемиски индекс, но овој трик го претвора секој бел леб во исклучително здрава храна, без дебелеење.
Бројни истражувања покажаа дека лебот е незаменлив дел од трпезата во дури 76% од домаќинствата во Европа.
Сепак, многумина советуваат дека оваа намирница треба да ја избегнуваме поради високиот гликемиски индекс, односно поради високата бројка која го покажува интензитетот на лачењето на инсулин по конзумирање на одредена храна.
Ако го замрзнете пред да почнете да го јадете, ќе го намалите нивото на гликоза за половина, па наместо со шеќер, лебот ќе ги нахрани вашите мускули со јаглехидрати, кои се и тоа како потребни.
Овој трик можете да го користите на секој подготвен леб, од домашен до оној купен во продавница.
БОНУС СОВЕТ: Направете го лебот однадвор крцкав, а внатре мек како душа!
Со малку трпение и многу љубов ќе го направите лебот од соништата – однадвор крцкав, а внатре неверојатно мек.
Познатиот британски пекар и слаткар Пол Холивуд советува дека кон тестото треба да бидете внимателни за да биде воздушесто и лесно по печењето.
Состојки:
500 грама полубело пченично брашно
10 грама сол
10 грама инстант квасец
370 мл ладна вода
маслиново масло
Приготвување:
Намачкајте со масло голем пластичен сад, а обложете со хартија и два плеха за печење.
Во посебен сад измешајте брашно, сол и квасец.
Додадете ¾ од водата и нежно изматете.
Кога тестото полека ќе почне да се формира во топка, постепено додавајте го остатокот од водата.
Матете со миксер 5-6 минути, додека тестото не стане сјајно и еластично.
Префрлете го во садот подмачкан со масло и покријте го со крпа.
Почекајте околу еден час за да се удвои.
Намачкајте ја работната површина со масло, па ставете го тестото внимателно за да биде по печењето лебот повоздушест и со меурчиња.
Поделете го тестото на 4 или 5 помали парчиња.
Секој обликувајте го во мал багет со дланките во форма на колбас.
Се ставаат на плеховите обложени со хартија за печење.
Покријте ги и оставете да нараснат уште еден час.
Загрејте ја рерната на 220 Целзиусови степени, а на дното ставете длабок плех за да се загрее.
Кога багетите ќе нараснат, малку посипете ги со брашно, со остар нож направете неколку засеци и ставете ги во рерна.
Наполнете го плехот што сте го загреале со вода.
Печете 25 минути, додека не поруменат.