Намаз од цвекло и фета сирење

Фото: Freepik
640

Вкусен намаз со ниска содржина на масти и јаглени хидрати

Цвеклото е богато со антиоксиданти, кои помагаат во заштитата од рак и други хронични болести. Покрај тоа, сокот од цвекло може да го намали високиот крвен притисок и да ја подобри циркулацијата. Сировото цвекло дава сила, па можете да го јадете свежо рендано, зачинето со оцет и маслиново масло. А здраво е и ако го испечете и го „спакувате“ во намаз.

Направете го овој вкусен намаз со ниска содржина на масти и јаглени хидрати и имајте здрав појадок, вечера, а зошто да не, и за ручек.

Состојки:
3 цвекла
140 гр фета сирење
2 супени лажици сок од лимон
2 лажици рендана кора од лимон
2 лажици екстра девствено маслиново масло
1 сечкано чешне лук

Приготвување:
Загрејте ја рерната на 220°C. На плехот ставете хартија за печење. Цвеклото се става во фолија и се пече 35 до 45 минути. Извадете го и оставете да се излади.

Сите состојки освен маслото ставете ги во блендер и убаво измешајте. Полека ставете го маслото и продолжете со мешањето додека смесата не стане компактна.