Што се случува ако јадете јагоди кои не се добро измиени?

Фото: Pexels/Pixabay
601

Дознајте што се случува ако јадете неизмиени јагоди и какви компликации може да настанат во организмот.

Дали сте сигурни дека добро ги измивте јагодите пред да ги јадете? Овие бобинки со деликатна структура не се лесни за чистење, особено ако се малку позрели, бидејќи лесно се претвораат во каша. Затоа и не е чудно што многу луѓе едноставно ги мијат лежерно во вода, мислејќи дека ништо лошо не може да им се случи ако на нив остане малку земја.

Сепак, експертите не мислат така…
Нутриционистката Ана Макарова предупредила дека консумирањето неизмиени јагоди доведува до ризик од добивање на акутна цревна инфекција со знаци на воспаление на тенкото црево – кампилобактериоза. Експертката додала дека симптомите на оваа болест се: дијареа, болки во стомакот, треска, главоболка, гадење и повраќање. Според неа, токму водата влијае на намалување на концентрацијата на штетните материи во овошјето.

Кога се појавуваат првите симптоми?

Ако сте јаделе јагоди кои не биле добро измиени, првите симптоми обично се појавуваат 2-5 дена по инфекцијата со бактерии, а можно е тоа да се случи и во период од 1-10 дена. Докторката открила и дека симптомите обично траат 3-6 дена.

Кампилобактериозата е заразна болест предизвикана од бактерии од родот „campylobacter“ и еден од факторите на ризик за оваа болест е кога, на пример, се консумираат јагоди кои не се добро измиени. Затоа, за да се намали ризикот и да се зачува структурата на овошјето, лекарот советува пред јадење накратко да ги потопите во вода.

Д-р Ана предупредила и на „домашните лекови за миење“ на храната, како натопување во течен детергент, сода и оцет, кои не се безбедни за здравјето, пишува Мондо.