Пет намирници докажано го намалуваат високиот крвен притисок
Лекарите предупредуваат дека високиот крвен притисок нема секогаш видливи симптоми, што го отежнува препознавањето.
Високиот крвен притисок е проблем за многу луѓе.
Доколку не се препознае и не се лекува навреме, високиот крвен притисок може да доведе до голем број опасни компликации, вклучувајќи срцеви заболувања и мозочен удар.
Сепак, лекарите предупредуваат дека високиот крвен притисок нема секогаш видливи симптоми, што го отежнува препознавањето.
Според експертите, консумирањето на одредени видови намирници би можело да го намали ризикот. Диететичарот Гунтер Кунле откри за The Sun кои намирници докажано го намалуваат крвниот притисок и чија конзумација би им ја препорачал на сите, а не само на оние кои имаат проблеми со крвниот притисок.
Станува збор за:
јаболка
боровинки
јаткасти плодови
зелен чај
авокадо
Како што објаснува тој, секоја од овие намирници ефикасно го намалува високиот крвен притисок и на тој начин го штити нашето тело од можни компликации.