Сите сакаме пржени лепчиња, ама некои ги сакаат поинаку од другите

304

Овој омилен појадок од детството, кој нè прави среќни и кога сме возрасни, сакаме да го јадеме, најчесто со сирење, со јогурт или кисело млеко. Но некои луѓе имаат и поинакви решенија па дури и од овој едноставен оброк ќе си направат специјалитет

Сите сакаме пржени лепчиња и веројатно на повеќето од нас, покрај палачинките, токму тие ни се најомилениот појадок. Иако се едноставни за правење, дури и најдобрите светски готвачи имаат по некој трик со кои велат дека можат да ги направат уште повкусни и совршено подготвени!
Овој омилен појадок од детството, кој нè прави среќни и кога сме возрасни, сакаме да го јадеме, најчесто со сирење, со јогурт или кисело млеко. Но некои луѓе имаат и поинакви решенија па дури и од овој едноставен оброк ќе си направат специјалитет.

На пример, нашата млада читателка Јана вели дека секогаш ги прави во некоја друга варијанта. Овојпат, тоа се пржени лепчиња со мед и цимет и слатко од јагоди и шеќер во прав, колку за декорација.

Иако јајцата и лебот се основа за пржените лепчиња, со неколку додатоци тие можат да бидат повкусни и поинтересни.

И уште една напомена, важно е јајцата да се матат со жица или вилушка, никако со миксер. Обидете се да ги исечете кришките од стариот леб што е можно потенко, за да се пржат побрзо.
Според некои познати готвачи, за посебен шмек, можете да им додадете и малку ким кој го претвора ова едноставно јадење во врвен специјалитет.