Со еспресо против Алцхајмер!

Фото: Pexels
99

Пиењето кафе „Еспресо“ би можело да има значајно влијание врз спречувањето на Алцхајмерова болест, посочува ново истражување на Универзитетот на Верона, Италија.

Со години науката кафето го поврзува со здравствени опасности. Сепак, неодамнешни истражувања покажаа дека умереното консумирање кафе може да има корисно влијание врз здравјето. Истражувачите од Универзитетот на Верона, Италија, откриле дека eспресото посебно ја спречува акумулацијата на тау-протеин, којшто е поврзан со Алцхајмеровата болест. Со други зборови, тоа го прави собирањето на споменатиот протеин помалку штетно за мозочните клетки.

Инаку, Тау е мал протеин со кратко име, но со голема репутација поради неговата поврзаност со повеќе мозочни заболувања. Тау-протеините во мозокот на луѓето со Алцхајмерова болест се погрешно преклопени и абнормално обликувани.

„Овие наоди даваат увид во невропротективниот потенцијал на „Еспресо“ кафето. Овој напиток којшто често се конзумира, е извор на природни соединенија што имаат корисни својства“, вели д-р Маријапина Д’Онофрио.

За потсетување, на почетокот на минатата година беа објавени загрижувачки резултати од истражување за деменцијата спроведено во 195 земји. Со тоа, се предвидува дека таа болест ќе ги зафати умовите на 153 милиони луѓе ширум светот до 2050 година, што е околу три пати повеќе отколку во 2019 година. Ова е поврзано со трендовите на факторите на опасност – вклучувајќи дебелина, дијабетес, ниско образование и пушење.