Потпечен или свеж леб? Која варијанта е поздрава?

Фото: Pexels
1.861

Една од намирниците за кои се врзуваат многу предрасуди е дефинитивно лебот. Па така, додека некои го сакаат исклучиво свеж, тукушто изваден од рерна, другите повеќе го сакаат крцкав и потпечен. Која варијанта ја препорачуваат нутриционистите?

Повеќето нутриционисти истакнуваат дека ниту една намирница не треба да се исклучува од исхраната, туку дека само треба да знаете во која количина да ја консумирате и со која друга храна да ја комбинирате.

Една од нив е дефинитивно лебот, со кој се поврзуваат многу предрасуди. Но, српската нутриционистка Наташа Ѓукиќ посочува дека има разлика помеѓу тостот, односно, потпечениот и свежиот леб и му дава предност на крцкавиот тост.

„Кога станува збор за тост наспроти свеж леб, тостот има мала предност, особено за оние кои внимаваат на внесот на јаглени хидрати или шеќер.

Кога го ставате лебот на тостер да се потпече, хемиската реакција го разградува скробот и лебот станува полесен за варење. Без оглед на лебот што го користите за тост, никогаш не јадете парче леб кое ви изгорело и ви поцрнело во тостерот.

Покрај непријатниот горчлив вкус, носи и други несакани проблеми. Имено, кога лебот гори, од скробот и аминокиселините присутни во храната се формира потенцијално канцерогено соединение наречено акриламид. Колку е лебот потемен, толку е поголема шансата дека настанал некој акриламид“, вели нутриционистката за „Информер“.