Добредојде за тиквите. Ако сте љубител, отпочнете ја сезоната на тикви со овие вкусни слатки залачиња
Мафините се дефинитивно едно од омилените задоволства и на младите и на старите. Можат да се подготват на најразлични начини, а бидејќи есента е сезона когасозреваат тиквите, се одлучивме за овој рецепт за мафини од тиква. Тиквата е една од најчестите есенски намирници, но и тоа не е без причина. Придобивките од оваа намирница се многубројни.
Она што е специфично за овие мафини е тоа што можете да си играте со состојките кога ги правите. Состојките можете да ги прилагодите по ваш вкус, но тие сепак го задржуваат одличниот вкус.
Состојки:
Кокосово масло (или масло по избор)
160 гр јаворов сируп или мед
2 јајца
225 гр пире од тиква
60 мл млеко по избор
125 гр брашно по избор
Овесни снегулки
Лажичка сода бикарбона
Лажичка екстракт од ванила
Прстофат сол
По желба можете да додадете и зачини (цимет, ѓумбир, морско оревче…)
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 165 степени. По потреба, намачкајте ги калапите за печење со путер.
Во голема чинија измешајте ги маслото и јаворовиот сируп (или медот, во зависност од тоа што избравте). Добро измешајте. Потоа додадете ги јајцата и повторно измешајте.
Додадете ги пирето од тиква, млекото, сода бикарбоната, екстрактот од ванила и зачините.
Мешајте додека не се соединат состојките.
На крај додадете брашно и овесни снегулки и измешајте.
Ако сакате, сега можете да додадете суво овошје, ореви или други јаткасти плодови и овошје по ваш избор.
Сега кога тестото е готово, поделете го рамномерно во калапот за мафини. За овие мафини, наполнете го калапот со смесата малку повеќе отколку што обично правите кога подготвувате други мафини.
Мафините поросете ги со овесни снегулки, а можете да додадете и малку цимет.
Печете ги во загреаната рерна 20 до 25 минути.
Откако ќе ги извадите мафините од рерна, ставете ги во замрзнувач да се изладат и дури потоа се идеални за консумирање.