Намирници кои можат да ви помогнат да се откажете од пушењето

Фото: Pexels
220

Иако постојат многу медицински производи како фластери и гуми за џвакање кои можат да ви помогнат да се ослободите од никотинот, постојат и некои секојдневни намирници кои можат да ви помогнат да се изборите со оваа зависност. Тие содржат мали дози на никотин

Голем број луѓе во светот се зависници од никотин. Ефектот на никотинот во мозокот може да влијае на краткорочните функции на мозокот, но исто така може да ги стесни крвните садови, да го зголеми крвниот притисок и да ја наруши работата на срцето.

Иако постојат многу медицински производи како фластери и гуми за џвакање кои можат да ви помогнат да се ослободите од никотинот, постојат и некои секојдневни намирници кои можат да ви помогнат да се изборите со оваа зависност.

Тоа е затоа што во некои овошја и зеленчук има мали дози на никотин. Но, тие не можат да помогнат кај моменталната желба што ја чувствувате кога се обидувате да се откажете од пушењето.

Студијата објавена во списанието Nicotine and Tobacco Research открила меѓу 1.000 пушачи дека оние кои јаделе најмногу овошје и зеленчук имале три пати поголеми шанси да се откажат од пушењето најмалку 30 дена од оние кои јаделе најмалку.

Модар патлиџан
Една од секојдневните намирници која содржи никотин, а често ја има во вегетаријанските јадења е модриот патлиџан. Овој зеленчук е всушност големо растение и има изненадувачки 100 микрограми никотин за секој грам.

Компир
Еден компир може да содржи околу 15 микрограми никотин. Зелениот компир содржи поголема концентрација на никотин, но бидејќи не е зрел, не е најдобар за консумирање.

Карфиол
Карфиолот не е често на листата на омилени видови зеленчук, а всушност содржи и помали количини никотин. Содржи околу 16,8 микрограми никотин.

Зелена пиперка
Зелената пиперка често е составен дел од различни јадења, а одлично оди со тестенини, зачинета храна и салати. Иако е тоа само мала количина, зелената пиперка може да содржи помеѓу 7,7 и 9,2 микрограми никотин.

Домати
Незрелите домати обично содржат поголема концентрација на никотин, но како што созреваат концентрацијата има тенденција да се намалува. Домат со просечна големина содржи приближно 7,1 микрограми никотин.

Чај
Чајот е еден од најпопуларните топли пијалаци во светот и може да ви помогне да ја намалите желбата за никотин. Сепак, само некои варени и инстант чаеви и црни и зелени чаеви може да содржат никотин. Вообичаено, концентрацијата на никотин во чаевите се движи од 100 до 285 микрограми.