Торта со костени

338

Не е тешка за правење, ако имате веќе излупени варени костени. Затоа, најдобро е да ги излупите еден ден однапред

Почна сезоната на костени, па ако сте љубители, нема шанси оваа торта да не ви се допадне. Единствен проблем е што ќе ви треба многу време за да го направите костен пирето. Затоа постои опција и со купечко, замрзнато костен пире, но не препорачуваме.

Останатиот дел од работата е лесен и брз, со тоа што ќе треба да почекате да се стегне пред да ја послужите.

Состојки:

5 јајца
250 гр путер
50 гр шеќер
2 кесички ванилин шеќер
100 гр брашно
Костен пире од 1 килограм костени (Ако употребувате замрзнато пире од костени веројатно ќе ви биде доволно 500 грама пире)
100 гр шеќер во прав
150 гр чоколадо

Приготвување:

Изматете 100 гр путер со 50 гр шеќер, 100 гр брашно, додадете 5 жолчки, измешајте уште малку и на крајот додадете ја смесата во цврсто изматениот снег од 5 белки.

Истурете го тестото во подмачкан, набрашнет плех и печете го околу 30-35 минути, зависно од рерната.

Пирето од костени направете го додавајќи млеко по потреба. Треба да биде густо.

Фил: Убаво изматете 150 г путер со 100 г шеќер во прав и ванилин шеќер. Се меша со пирето од костени за да се добие компактна маса со која ќе го премачкате изладениот колач.
Одозгора прелијте го со растопено чоколадо (растопете го чоколадото во малку млеко и со парче путер). Украсете со ореви или со нешто друго, иако и растопеното чоколадо е доволно за декорација и за вкус.

Оставете ја тортата да се стегне и послужете.