Ако сте љубител на тиква, сигурно ќе ви се допадне овој намаз, но убавото е во тоа што може да ви се допадне дури и ако не сте љубител на тикви… Да, да, има и такви
Ако сте љубител на тиква па често ја јадете во различни варијанти, ова ќе ви биде само еден рецепт плус за да уживате во својата омилена намирница. Е сега, ако не сакате тиква или пак не сака некој од семејството, еве сметајте на ова како на давање на уште една шанса.
Направете го овој вкусен вегетаријански намаз од тиква.
1 помала (Хокаидо) тиква или некоја друга
2 лажички маслиново или масло од тиква
30 гр ѓумбир
6 лажички кокосово млеко
прстофат сол
прстофат чили
прстофат црн пипер
малку мед
Приготвување:
Исечете ја тиквата на половина и исчистете ја. Исечете ја на парчиња, додадете масло, сол и чили.
Наредете ја зачинетата тиква на хартија за печење и печете околу 20 минути во загреана рерна на 230°С.
Излупете го и изрендајте го ѓумбирот. Измешајте ги со миксер или во блендер печената тиква, ѓумбирот и кокосовото млеко.
Додадете малку мед и црн пипер по желба. Послужете го намазот разладен, со крекери или леб од интегрално брашно.