Денес е светски ден на дијабетесот па ќе споделиме неколку корисни совети за дијабетичарите. Еден од наједноставните е оној за употребата на најобичен чај од камилица и неговите корисни ефекти кај лица со дијабетес тип 2
Дијабетесот тип 2 има незначително влијание врз телото ако нивото на шеќер е под контрола. За среќа, истражувањата покажаа дека можете да го намалите високото ниво на шеќер во крвта ако го пиете овој напиток веднаш по оброкот.
Дијабетесот тип 2 испраќа јасни сигнали дека вашето тело не го обработува инсулинот правилно. Инсулинот е хормон одговорен за контролирање на нивото на шеќер во крвта – главниот вид на шеќер што се наоѓа во крвта. Кога овој механизам не функционира, нивото на шеќер во крвта може да се зголеми до опасни нивоа. За среќа, телото може да се заштити од ова со внимателно избирање на храна и пијалаци. Одредена храна може да спречи нагло зголемување на нивото на шеќер во крвта после оброк. Шеќерот се зголемува поради разградувањето на храната во гликоза. Сепак, се покажа дека чајот од камилица го ублажува овој ефект на храната врз нивото на шеќер во крвта.
Студија за ефектите на чајот од камилица
Чајот од камилица се подготвува од цветовите на истоименото растение, кое се користи во традиционалната медицина уште од многу одамна. Студијата спроведена во Иран и објавена во списанието Journal покажа дека пиењето 3 шолји чај од камилица дневно може да ја подобри регулацијата на шеќерот во крвта кај луѓето со дијабетес тип 2. Научниците од Универзитетот за медицински науки во Табриз имаа за цел да го истражат ефектот на чајот од камилица врз контролата на гликемијата (степенот до кој храната влијае на нивото на шеќер) и нивото на антиоксиданти кај луѓето со дијабетес тип 2. Антиоксидантите се хемикалии кои ги штитат или го одложуваат оштетувањето на клетките.
64 учесници во студијата со дијабетес тип 2, кои биле на возраст меѓу 30 и 60 години, консумирале чај од камилица три пати на ден „веднаш“ после оброците во текот на осум недели. Контролната група пиела вода наместо чај од камилица.
Авторите на студијата откриле дека групата која пиела чај од камилица има значително пониски вредности на HbA1c и серумски нивоа на инсулин, како и значително зголемена антиоксидантна активност во споредба со контролната група. HbA1c е просечното ниво на шеќер во крвта во последните два до три месеци.
Краткорочното пиење чај од камилица има корисен ефект врз регулацијата на гликемијата и антиоксидативниот статус кај пациенти со дијабетес тип 2 – заклучија научниците, додавајќи дека е неопходно да се спроведе испитување на поголем примерок и во подолг период на време со цел да се докаже значително клиничко подобрување на состојбата на пациентите.
Општи совети
За да ги избегнете главните виновници за наглото зголемување на нивото на шеќер во крвта, треба да внимавате на гликемискиот индекс на храната. Тоа ни покажува колку брзо одредена храна влијае на нивото на шеќер во крвта (кога се јаде сама). Храната која содржи јаглени хидрати се разградува од телото брзо, што предизвикува нагло зголемување на нивото на шеќер во крвта. Затоа, таквата храна има висок ГИ (гликемиски индекс).
Храна со висок ГИ се:
шеќер и слатка храна
засладени пијалаци
бел леб
компири
бел ориз
Дали имате дијабетес тип 2?
Многу луѓе имаат дијабетес тип 2 дури и без да го сфатат тоа. Причината е тоа што симптомите не мора да прават личноста да се чувствува лошо. Симптомите вклучуваат:
често мокрење, особено ноќе
постојано чувство на жед
чувство на замор
губење на тежината иако лицето не се обидува да ослабе
тешко и продолжено зараснување на рани и исекотини
заматен вид
Ако имате некој од симптомите на дијабетес тип 2 или мислите дека сте изложени на зголемен ризик за развој на дијабетес тип 2, контактирајте со вашиот лекар.