Највкусниот здрав пудинг со само две состојки што мора да го пробате

Фото: Пинтерест
550

Бидејќи јапонските јаболка се прилично слатки, ќе ви треба само додавање на какао без никакви засладувачи. Знаеме дека на почетокот звучи необично да се направи пудинг од само две состојки, но верувајте дека овој пудинг е вистинско откритие во изминатите години.

Додека за некои јапонското јаболко е омилено овошје во овој период од годината, други го избегнуваат. Она за што сите можеме да се согласиме е дека јапонските јаболка се многу добри за нашето здравје.

Јапонските јаболка се богати со витамини Б, Ц и Е, а содржат и многу минерали како што се калиум, магнезиум, калциум и фосфор.
Одлични се и за варењето и помагаат при стомачни заболувања. Јапонското јаболко е богато со антиоксиданти, за кои знаеме дека го зајакнуваат имунитетот. Покрај тоа, тие му помагаат на нашето тело полесно да се одбрани од болести.

Единствено правило кога станува збор за јадење јапонско јаболко е да почекате да омекне и да созрее доволно, бидејќи во спротивно не е пријатно за консумирање.

За сите оние кои и покрај позитивниот ефект сè уште не се подготвени во своето мени да ги вклучат јапонските јаболка, имаме одличен рецепт за вкусен чоколаден пудинг.

Бидејќи јапонските јаболка се прилично слатки, ќе ви треба само додавање на какао без никакви засладувачи. Знаеме дека на почетокот звучи необично да се направи пудинг од само две состојки, но верувајте дека овој пудинг е вистинско откритие во изминатите години.

Рецепт за пудинг од јапонски јаболка

Состојки:

2 зрели јапонски јаболка
2 лажици какао во прав

Приготвување:

Едноставно ставете ги состојките во блендер и уживајте во вкусниот чоколаден пудинг без грижа на совест.

Ако го јадете, на пример, за појадок, можете да додадете и чиа семе, домашна гранола, тркалца од банана и на тој начин да си обезбедите целосен оброк.