Најевтината здрава намирница на светот: Позната е под неколку имиња, а корисна и вкусна е и сирова и печена

Фото: Фејсбук
458

Помагаат кај висок крвен притисок, покачено ниво на маснотии во крвта, кардиоваскуларни заболувања, анемија, остеопороза, посебно дијабетес и дебелина, а придонесуваат и за нивна превенција. Се јадат сирови, ама ние имаме рецепт и за печени

Чичоки, трупки, рокчиња, кркушки,или како што уште се викаат-диви компири или ерусалемски артичоки, се нешто што ние како деца многу го јадевме. На пример, наместо јаболко, онака сирови. Чичоката (Helianthus tuberosus L.) е високо рангирана на листата на здрава храна. Всушност, тоа е најефтината здрава намирница која сѐ уште може да се најде по пазарите и заради јадливиот корен се култивира ширум светот.

Кога се консумираат сирови, се одлични за чистење на организмот од токсини. Тие се познати и како афродизијак, го јакнат либидото, потенцијата и плодноста. Корисни се и во превенцијата и лекувањето на алергиите.

Ја намалуваат концентрацијата на канцерогени ензими па нивната улога е посебно значајна во превенција и лекување на малигните болести на цревата.

Она што е важно за дијабетичарите е дека со нивното разградување не доаѓа до пораст на нивото на шеќер во крвта (гликемиски индекс: 0). Имаат висока содржина витамини (B-група, C, D, провитамин A – бета каротен) и минерали (калиум, фосфор, калциум, магнезиум, железо).

Исто така, чичоките се извор на есенцијални аминокиселини.

Помагаат кај висок крвен притисок, покачено ниво на маснотии во крвта, кардиоваскуларни заболувања, анемија, остеопороза, посебно дијабетес и дебелина, а придонесуваат и за нивна превенција.

Печени, тие се идеална замена за компирот и ќе ве изненадат со својот вкус.

Печените „диви компири“ се идеална замена за обичните компири. Пробајте ги и уверете се во одличниот вкус!

Состојки:

500 гр рокчиња
маслиново масло
сол и црн пипер по вкус
дополнителни зачини по желба (на пр. лук во прав, рузмарин, мајчина душица)

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200°C. Измијте ги и излупете ги коренчињата. Можете да ги исечете на тркалца или коцки со саканата големина. Ставете ги подготвените рокчиња на тепсија обложена со хартија за печење. Намачкајте ги со маслиново масло и додадете сол и црн пипер по вкус. Можете да додадете и други зачини по желба.
Распоредете ги да бидат во еден слој и печете ги во загреана рерна околу 25-30 минути или додека не поруменат и омекнат. Откако ќе се испечат, извадете ги и послужете ги топли како додаток на главното јадење (пилешко, свинско, јагнешко, риба). Можете да ги послужите со сос од јогурт, свежи билки или дополнителни зачини по ваш вкус.