Од етичка гледна точка, јасно е дека не е во ред да се одземе нешто што не ни припаѓа и не е неопходно за зачувување на животот, од оние послабите од нас и оние кои не можат да ни дадат согласност. Зад консумирањето мед стојат голем број морално неприфатливи дела.
Еден од најинтересните факти за луѓето кои не се запознаени со филозофијата на веганството е дека веганите не јадат мед. Тоа е сосема разбирливо, бидејќи нашeто културно поднебје медот го доживува како „посна“ и „здрава“ храна. Со оглед на тоа дека пчелите се инсекти, на луѓето им е многу тешко да се поврзат со нив и да чувствуваат емпатија.
Зошто е проблематична индустријата за мед?
Од етичка гледна точка, јасно е дека не е во ред да се одземе нешто што не ни припаѓа и не е неопходно за зачувување на животот, од оние послабите од нас и оние кои не можат да ни дадат согласност. Зад консумирањето мед стојат голем број морално неприфатливи дела.
Првата од серијата е присилното оплодување – пчеларите ги гмечат трутовите до смрт за да ја исцедат спермата од нив, која потоа насилно ја вбризгуваат во матицата. На матицата исто така ѝ се сечат крилјата од неколку причини: да ја спречат да избега (постои опасност другите пчели да ја следат), за полесно да ја идентификуваат доколку треба да ја убијат и што е најважно, да не дојде до т.н. роеви, при што една колонија се дели на две или повеќе помали.
Ова, се разбира, е лошо за бизнисот на пчеларите, бидејќи ако тоа се случи, пчелите произведуваат помалку мед.
Честопати цели колонии се убиваат на најбрутален начин од банални причини. Причините може да бидат зимата, тоа што на пчеларите не им се допаѓа како се однесуваат, затоа што се разболеле, а лекувањето е скапо или непрактично или едноставно затоа што им станале „неупотребливи“.
Начинот на кој пчеларите ги убиваат пчелите обично е крајно брутален: тие се палат живи, се гмечат, се оставаат во вреќи на сонце да се задушат и да се испржат до смрт, ги трујат со јаглерод диоксид. По безмилосното малтретирање, искористени до последна капка, ги чека уште полоша смрт.
Покрај тоа, медот е пчелна храна за потомството и во зимскиот период кога нивите се голи и нема цвеќиња и нектар. Дури дванаесет работнички пчели треба да работат цел живот за да произведат една кафена лажичка мед.
Дванаесет робови за една кафена лажичка што исчезнува лесно и без трага во чајот на човек кој не ни помислува на овие жртви. Ако пчеларите не ги убијат кога ќе дојде зимата, наместо медот што ќе им го украдат, им даваат безвредна замена – шеќерен сируп, сиромашен и сосема несоодветен за да ги обезбеди сите хранливи материи што им се потребни на пчелите.
Покрај етичкиот аспект, важно е да се укаже на катастрофалните последици од оваа индустрија за планетата и екосистемот.
Јасно е дека пчелите се загрозен вид и на пат кон истребување. Кога го велиме ова, мислиме на дивите пчели. Медоносните пчели се добри опрашувачи, но не се споредуваат со дивите пчели (1 дива пчела опрашува колку 120 медоносни пчели).
Згора на тоа, тие не само што не им парираат, туку и директно ги загрозуваат. Имено, медоносните пчели, собирајќи нектар, земаат храна од дивите пчели, кои неизбежно исчезнуваат поради недостигот на диви цвеќиња.
Исчезнувањето на пчелите ќе претставува еден од најголемите предизвици за човештвото, бидејќи нема да има суштества кои опрашуваат 80% од растенијата што ги користиме за храна. Ние сме директно зависни од нив. Покрај тоа, пчелите шират паразити и инфекции на популациите на диви пчели, кои умираат како резултат на тоа.
Покрај сето горенаведено, веганите сметаат дека индустријата за мед е непотребна, бидејќи денес има многу различни алтернативи (агавин, јаворов, оризов сируп, меласа, малтекс, мед од глуварче итн.). Иако звучи драматично, купувањето мед е смртна казна за дивите пчели, за големи делови од екосистемот и, на крајот, за нас самите.