Најубавите кифли со варено тесто
Овие кифли имаат еден мал додаток кој ги прави највкусни и најмеки кифли што сте ги пробале досега
Состојки:
За вареното тесто:
120 мл вода
120 мл млеко
Се ставаат во тенџере да зовријат и се додава 40 г брашно. Се исклучува шпоретот и се меша 2-3 минути за да се згусне како пудинг. Се трга на страна за да се олади.
За обичното тесто:
60 мл топло млеко
1 сув квасец
1 лажица шеќер
1 лажица сол
2 јајца
580 г брашно
35 г путер
Приготвување:
На вареното тесто му се додаваат сите состојки и се замесува меко тесто. Се остава тестото околу 2 часа за да надојде.
Потоа се премесува без брашно и се дели на 12 топчиња.
Секое топче се развлекува и се засекува од едниот крај, се става фил по желба и се витка кифла. Се добиваат 12 кифли.
Се оставаат половина час да нараснат, се премачкуваат со жолчка и една лажица млеко и се поросуваат со семки по избор.
Се печат на 180 степени околу 25-30 минути.
На крај, по желба, разматете една лажица стопен путер и лажица мед и да се премачкаат откако ќе се извадат од рерна.