Ова брзо јадење со сладок компир, зачинето со каенски пипер, со додаток од потпржени моркови, е одлична варијанта за вегански ручек
Ова веганско јадење без глутен со слатки компири и печени моркови се подготвува многу брзо.
Послужете го со свежа салата по избор.
Состојки:
3 големи слатки компири,
3 моркови
малку сол
маслиново масло
каенски пипер по вкус
Приготвување:
Излупените и исечкани слатки компири сварете ги во зовриена вода со малку сол околу 15 минути. Добро исцедете, по потреба додадете 2-3 лажици масло по избор (маслиново, масло од тиква), па направете пире.
Морковот исчистете го и исечете го на стапчиња, па пропржете ги во тава. Доволно е околу 10 минути.
Подгответе салата по ваш избор и послужете.
Количината е за 2 лица.