Вегански протеински мус од 3 состојки

Фото: Freepik
383

Од грав се прави чорба и тавче гравче, ама и овој неверојатен десерт

Можете многу брзо да направите високо протеински, супер вкусен и здрав десерт со само три состојки.

Рецептите кои ни нудат брзи задоволства стануваат се почести, а овој спаѓа во оние навистина супер брзите и здравите. Посебно е интересно што се работи за вегански десерт направен од грав.

Состојки:
конзерва црн грав
100 гр црно растопено чоколадо
120 мл топло растително млеко
Приготвување:
Само изблендирајте ги сите состојки и уживајте во одличниот вкус без грижа на совест.