Лoрберот е добар за искашлување и лечење на бронхитис и грип

Фото: Pixabay
270

Ловоровите лисја имаат антисептично дејство и се природен лек за грип и бронхитис

Ловорот, или во народот познат и како лорбер, во стариот век се сметало за свето дрво. Тоа било дрво, односно симбол на богот Аполон, кој носел ловоров венец на главата. Римските генерали секоја победа ја крунисувале со ловоров венец, а по секоја битка старите Римјани ги триеле („дезинфицирале“) сабјите и мечевите со ловорови лисја.

Ловорот како средство за дезинфекција
Овој ритуал на „дезинфекција“ на оружјето со ловорови лисја е поврзан со антисептичното дејство на ова растение. Имено, ловоровите листови содржат од 1 до 3 отсто есенцијално масло, скроб, горчливи материи и танин. Ловорот го зајакнува апетитот, го подобрува варењето и го спречува вриењето во цревата, а помага и во исфрлањето на насобраните гасови. Во народната медицина се користи и како средство за искашлување, лекување на хроничен бронхитис, кивање и грип.

Одвар против грип и бронхитис (за искашлување)
Одварот за искашлување, но и за лекување на грип и бронхитис, едноставно се подготвува. Ви требаат:
5 ловорови листови (3 до 5, во зависност од големината на листовите)
1 парче лимон
1 чаша вода

Во зовриена вода сварете ги ловоровите листови и парче лимон. Оставете ги покриени 10 минути и потоа процедете ја течноста. Пијте 2 до 3 чаши одвар дневно.

Одвар за подобрување на варењето
Овој одвар ќе ви помогне за проблемите кои произлегуваат од нарушувања на функционирањето на дигестивниот тракт. Ви требаат:
5 ловорови листови (3 до 5, во зависност од големината на листовите)
1 чаша вода
Варете ги ловоровите листови во врела вода 5 минути. Оставете ги покриени 10 минути. После тоа, процедете ја течноста. Пијте 2 до 3 чаши одвар на ден, но секогаш после јадење.