Некои работи, колку и да внимаваме да не внесуваме многу шеќер и десерти, се едноставно незаменливи.
Кога последен пат сте направиле милиброд со ореви?
Имаме едноставен рецепт за домашен милиброд кој би можеле да го испробате дури и ако немате многу искуство со тесто.
Состојки:
За тестото:
400 г брашно
200 мл млеко
60 г шеќер
2 жолчки
80 г путер
1 свеж квасец
Рендана кора од ½ лимон
Прстофат сол
Фил:
500 г мелени ореви
200 мл млеко
150 г шеќер
Рендана кора од ½ лимон
1 лажица рум
1 јајце за премачкување
Приготвување:
Ставете ги во мал сад квасецот, лажица брашно, лажица шеќер и малку мллако млеко и оставете 10-тина минути да надојде.
Во голем сад измешајте ги путерот (на собна температура) со шеќерот, па додавајте ги наизменично брашното и млекото, а на крајот и подготвениот квасец. Тестото треба да биде помеко, па ако ви се чини дека е тврдо додадете уште малку млеко. Мешајте го тестото додека не почне да се одвојува од садот. Пoкријте го со крпа и оставете го на топло 1 час.
Во меѓувреме направете го филот. Сварете го млекото заедно со шеќерот па прелијте ги мелените ореви. Во смесата додадете рендана кора од лимон и рум. Ако сакате ставете во филот и малку суво грозје.
Поделете го тестото на два еднакви делови, расукајте ги и премачкајте ги со филот. Завиткајте ги во ролат и ставете ги во набрашнета тепсија за печење. Премачкајте ги со разматено јајце и печете на тивко на температура од 160 степени, околу 1 час.