Бургери од црвена леќа (ВИДЕО)
Уште еден одличен рецепт за вегетаријански бургери. Ги пробавме кај нашата сликарка која е подеднакво вешта и во кујната, Симонида Филипова Китановска
Ова е уште еден од рецептите за оние вкусни работи што ги пробавме кај нашата сликарка Симонида Филипова Китановска, која е исто толку вешта во кујната, колку и во сликарството.
Згора на сѐ, гурманка е, а се знае дека оние што сакаат да јадат и уживаат во храната, готват највкусно зашто готват како за своја душа.
Еве го рецептот, а најдолу е и видеото кое ја инспирирало Симонида за овие веге-бургери.
Состојки:
2 шолји црвена леќа
1 кромид
1 главица лук
5-6 зелени чили пиперчиња
ливчиња кориандер
чили во прав и сол по вкус
ѓумбир
Приготвување:
Убаво исплакнете ја и накиснете ја леќата преку ноќ.
Следниот ден, изблендирајте ја.
Исечкајте ги кромидот, лукот, пиперчињата, коријандерот и измешајте ги со леќата. Додадете зачини, измешајте убаво и обликувајте ќофтиња.
Испржете ги.