Влијанието на млечниот кефир врз сезонските алергии
Се чини дека здравјето на цревата може повторно да биде клучно како и кај многу болести поврзани со алергија.
Сезонските алергии можат да бидат голем проблем за многу луѓе. На многумина не им помагаат ниту антихистамински таблети, ниту кортикостероидни назални спрејови.
Што е сезонска алергија?
Сезоните на полен може да траат неколку месеци и тешко е да се избегне изложеноста на причинителите. Симптомите на алергиски ринитис се предизвикани од имунолошкиот одговор на телото на вдишениот полен, што резултира со хронично воспаление на очите и носните отвори. Во умерени до тешки случаи, алергискиот ринитис може да предизвика дури и напад на астма.
Дали млечниот кефир може да биде клучот за ублажување на симптомите на сезонската алергија?
Се чини дека здравјето на цревата може повторно да биде клучно како и кај многу болести поврзани со алергија.
Имаше бројни студии (1, 2, 3) кои укажуваат на антиалергиското дејство на млечниот кефир преку супресија на воспалителниот механизам на телото. Воспалението во овој контекст е реакција на телото на туѓ материјал, имено, на алергени како поленот. Како одговор, цревните клетки произведуваат реактивни метаболити на кислород како хипохлорит (белило за домаќинство) и водород пероксид (обична хемикалија за дезинфекција).
Хипотезата на авторот на овој текст е дека прекумерно активниот имунолошки систем и производството на реактивни метаболити на кислород може значително да го нарушат цревниот микробиом со неселективно убивање на комензалните бактерии или на „старите пријатели“ (како што ги нарекува д-р Мајкл Мозли), што последователно ги ослабува цревата и ги влошува работите со текот на времето.
Повторно калибрирање на имунолошкиот систем
Врз основа на овие наоди, вели авторот, почнав значително да ја зголемувам дозата на домашен млечен кефир до 600 мл (200 мл x 3 пати на ден). Почнав да забележувам дека моите симптоми на сезонска алергија беа значително намалени и многу поподносливи. Повторно претпоставувам дека ова е како да го намалиме воспалителниот термостат што им дозволува на нашите стари пријатели повторно да се населат и да ги зајакнат цревата.
Текстот е од ТУКА.