Ултра -преработената храна меѓу причините за 2,7 милиони предвремени смртни случаи во Европа

Фото: Pexels
65

Според податоците од Светската здравствена организација (СЗО), од ултра -изложена храна (UPF), алкохол, тутун и фосилни горива, умираат 2,7 милиони луѓе секоја година низ цела Европа.

Експертите велат дека „моќните индустрии“ поттикнуваат лошо здравје и предвремена смрт затоа што се мешаат во владините политики и напорите за намалување на случаите на карцином, срцеви заболувања и дијабетес.

Во новиот извештај Светската здравствена организација (СЗО), повикува на „строга регулатива за намалување на моќта на индустријата“ и ги повикува владите да иницираат здравствени политики што индустријата редовно „ги оспорува, одложува, ослабува или стопира“.

СЗО известил дека „повеќе од 7400 луѓе умираат секој ден“ во Европа заради штетните производи и пракси што ги „стимулира комерцијалната индустрија“.

„Овие комерцијални производи се причина за 24 % од сите смртни случаи, вклучително и голема смртност од кардиоваскуларни заболувања (51,4 %) и карцином (46,4 проценти)“, вели СЗО.

Во извештајот се наведува дека индустриите на тутун, алкохол, ултра -преработена храна и горива се целосно или делумно одговорни за 2,7 милиони смртни случаи годишно во Европа.

Во меѓувреме, глобалната слика покажува дека тутунот, ултрапреработената храна (UPF), фосилните горива и алкохолот предизвикуваат 19 милиони смртни случаи годишно, или 34 % од сите смртни случаи.

По анализата на податоците, СЗО соопшти дека 1,15 милиони смртни случаи на годишно ниво во Европа биле предизвикани од пушење, 426.857 поради алкохол, 117.290 поради исхрана со високо -преработено месо и 252.187 поради диета со висок удел на сол.

Овие бројки дури и не вклучуваат случаи на смрт предизвикани од дебелина, висок крвен притисок, висок шеќер во крвта или високо ниво на холестерол, што е поврзано со нездравата исхрана, се наведува.

Во извештајот се покануваат владите да ги препознаат тактиките што ги користи индустријата, како што се обвинување на поединци, маркетинг, дезинформација, промоции на социјалните мрежи, лобирање и „поткопување на науката“, како што е финансирање на истражувања што ги промовираат нивните цели.