И поздраво чоколадо и помалку отпад

Фото: Pexels
47

Швајцарските научници направија нов вид на чоколадо со максимално искористување на плодот на какаото, што ќе ја зголеми профитабилноста, ќе го намали отпадот, а чоколадата ќе ја направи поздраво слатко уживање

Додека конвенционалната чоколада ги користи само зрната во плодот на какаото, швајцарските научници од Универзитетот ETH од Цирих заедно со индустријата за чоколади работат заедно за максимално искористување на плодот на какаото.

Имено, истражувачите за својот рецепт го употребиле и месестиот дел и делови од лушпата.

Тие ги преработиле во прав и ги помешале со делови од пулпата за да добијат гел од какао.

Оваа супстанција слична на желатин е многу слатка и може да го замени шеќерот во прав кој инаку се додава во чоколадите.

Истражувачите се обидуваат да докажат дека чоколадата може да содржи и до 20% гел, што е еднакво на чоколада со 5 до 10 проценти шеќер во прав.

Со користење на таков какао гел како засладувач чоколадата може да се пофали со поголема содржина на влакна од просечната темна чоколада, а содржи и само 23 грама заситени масти, за разлика од вообичаените 33 грама.

Ставањето шеќер значи дека чоколадото и не е баш здрава ужина, па новото чоколадо ќе има повеќе предности. Новата мешавина користи повеќе од овошјето какао, што го прави чоколадото и поздраво и поодржливо.

Накусо, новиот вид чоколада би требало да ја зголеми профитабилноста, да го намали отпадот, а чоколадата да ја направи поздраво слатко уживање.

Клучно е да се користи повеќе материјал од мешунките на какаото кои обично се фрлаат, вклучувајќи повеќе од пулпата, како и внатрешната обвивка на лушпата позната како ендокарп. Сето ова измешано го прави она што истражувачите го нарекле „желе од какао“, кое е толку слатко што може да го замени шеќерот во прав.

„Ова значи дека земјоделците не само што можат да го продаваат зрното какао, туку и да го исушат сокот од пулпата и ендокарпот, да го сомелат во прав, па и тоа да го продаваат. Ова ќе им овозможи поголем приход“, велат истражувачите.

Сепак, пред ваквото чоколадо да дојде до потрошувачите, ќе мора да се прилагоди целиот синџир на производство.