Една од оние работи што сакаме да ги правиме е да искористиме што повеќе од намирниците без создавање непотребен отпад. Па уште и кога од тоа ќе никне ново растение…
Еве неколку зеленчуци и билки што можете да ги одгледувате во затворени простории користејќи делови од производите што инаку би ги фрлиле.
Секако, ова може да ви заштеди и прилично пари следниот пат кога ќе одите по намирници.
Зелена салата
Слично на целерот, чувајте ја основата на вашата зелена салата во сад со малку топла вода. Оставете ја да стои на директна сончева светлина и за една или две недели, стеблото на зелената салата ќе произведе свежи, нови листови зелена салата.
Пресадете ја салатата во саксија со земја за да продолжи да расте.
Треба целосно да порасне за три до четири недели.
Никулци од лук
Тие долги зелени израстоци што излегуваат од вашиот лук се никулци.
Можете да ги ставите во малку вода, под многу сончева светлина и да израснете еден куп никулци од лук. Тие се поблаги по вкус од чешнињата лук и се одлични во салати, тестенини и како украс.
Моркови
Ставете ги исечканите врвови од моркови во сад исполнет со малку вода.
Наскоро, од врвот ќе почне да никнува вкусно зеленило кое е убав додаток на оброците. Користејќи подлабок сад и повеќе вода, користете чепкалки за да ги задржите морковите до половина во вода и почекајте да пуштат коренчиња. Потоа, можете да ги засадите во вашата градина за континуирано снабдување!
Цвекло
Како и со морковите, исечете ги врвовите на цвеклото и оставете ги во плиток сад со вода додека не почнат да пуштаат коренчиња.
Ова може да потрае неколку недели. Откако ќе никнат, засадете ги надвор на ист начин како и вашите моркови!
Сладок компир
За разлика од повеќето зеленчуци, слатките компири не започнуваат со семиња, туку со листови (или никулци). Исчистете го и исечете го слаткиот компир на половина, а потоа ставете го половина во/пола надвор од тегла полна со вода користејќи чепкалки за заби.
Во текот на неколку дена, од компирот ќе почнат да никнуваат ливчиња, во тој момент ќе ги извадите и ќе ги ставите во вода за да пуштат коренчиња.
Следно, засадете ги во растресита, добро дренирана почва и ставајте вода секој ден во првата недела, а потоа, секој втор ден (или по потреба).
Ѓумбир
На ѓумбирот што веќе го имате, побарајте парчиња од кои веќе растат ситни израстоци. Отсечете ги овие делови со израстоци (ризоми), бидејќи тие се клучот за одгледување нови растенија ѓумбир.
Одгледувањето на ѓумбир бара минимален напор, но бара соодветни услови.
Топлите, малку влажни места како кујните се совршени. Засадете го парчето ѓумбир на околу 5 цм во почвата со неговиот ризом насочен нагоре. Редовно полевајте го. Тоа може да потрае до десет месеци пред да добиете доволно количество ѓумбир, но неговите здравствени придобивки се повеќе од вредни.
Рузмарин
Како и другите билки, можете повторно да одгледувате рузмарин од парче од неколку сантиметри. Ставете ги во вода и во рок од неколку недели треба да има доволно што се вкорениле и не изгниле. Во саксија исполнета со влажна почва направете дупче со пенкало или молив и нежно ставете го гранчето рузмарин во него. Ние сме испробале и беше успешно и со ставање во саксија пресечено гранче рузмарин директно во почва. Полевајте го само кога почвата ќе почне да се суши. Чувајте го на директна сончева светлина 6-8 часа дневно бидејќи му треба светлина за да расте.
Целер
За да го одгледувате дома, отсечете ја основата на целерот и оставете го во сад со малку топла вода.
Чувајте го садот на директна сончева светлина и за една недела, вашата база од целер ќе почне да пушта лисја. Преместете го целерот во земја и гледајте како расте!
Зелка
Не го фрлајте дното на главицата од зелка.
Исто како целерот, оставете го во сад со два сантиметри вода на добро осветлено место и почекајте. Со текот на времето, ќе почне повторно да расте без потреба за садење.
Пиперки
Можете да одгледувате голем број лути пиперчиња од семките што ќе останат.
Само соберете ги семките од која било пиперка што ја имате при рака.
Засадете ги во почва за саксии и чувајте ги на директна сончева светлина или надвор ако е топло, а потоа можете само да ги засадите во вашата градина.
Пиперките растат релативно брзо и не бараат многу грижа.
Откако ќе добиете нова култура, само зачувајте дел од семето за повторно садење.
Млад кромид
Младиот кромид можете повторно да го одгледате за само пет дена.
Едноставно оставете барем еден сантиметар од корените на младото кромитче, ставете го во мала чаша вода и дополнувајте ја водата ако испари.
Босилек
Ако имаат стебла од најмалку четири инчи, соберете ги и ставете ги во чаша вода под директна сончева светлина.
Кога стеблата ќе пораснат два инчи, можете да ги ставите во малку почва во саксија и да одгледувате сопствено растение босилек. Нема повеќе да купувате.
Кромид
За разлика од другите намирници на оваа листа, кромидот мора да оди директно во почвата за да расте. Земете го долниот крај на кромидот и засадете го во саксија или директно во почвата надвор.
Ако е во саксија, полевајте го кога е потребно. Колку повеќе дно оставите од кромидот, толку подобро.
За три недели, кромидот ќе развие корени. До четвртата недела ќе никнат лисја.