Највкусните летни грицки од рерна: Совршено крцкав и прекрасно зачинет чипс од модар патлиџан

Фото: Freepik
393

Чипсот од модар патлиџан се пече во рерна, па погрижете се убаво да ги распоредите во еден слој за да не се преклопуваат кришките.

Чипсот не мора да се прави само од компири, тоа одамна го знаеме.

Но, дали некогаш сте помислиле да направите чипс од модар патлиџан?

Го пробавме направен по овој рецепт – и е одличен.

Покрај модар патлиџан, ќе ви треба пармезан, кој ќе создаде убав крцкав слој, малку маслиново масло и зачини.

Чипсот од модар патлиџан се пече во рерна, па погрижете се убаво да ги распоредите во еден слој за да не се преклопуваат кришките.

Модриот патлиџан можете да го исечете и рачно, но важно е да добиете кришки со иста дебелина.

Времето на печење зависи и од дебелината на парчињата, па проценете дека ќе ви требаат 10 до 20 минути, но почнете проверувате како напредува и порано.

Послужете чипс од модар патлиџан како закуска со кисела павлака или сос од домати.

Состојки за чипс од модар патлиџан:
1 средно голем модар патлиџан
2 лажици екстра девствено маслиново масло
30 гр свежо рендан пармезан
1 лажичка мешавина од италијански зачини
1 лажичка лук во прав
сол
црн пипер, свежо мелен
2 лажици пржен сусам

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени.
Исечете го модар патлиџан попречно на многу тенки парчиња.

Парчињата модар патлиџан ставете ги на салфети и малку посипете ги со сол, па оставете ги да се исцедат 10 минути.

Избришете ги и превртете ги, па повторете ја постапката уште еднаш – солење, чекање и сушење.
Префрлете ги парчињата модар патлиџан во поголем сад и прелијте ги со масло.

Додадете пармезан, сусам, италијански зачини и лук во прав.

Зачинете со црн пипер и полека измешајте за сите кришки рамномерно да се премачкаат со смесата.
Парчињата модар патлиџан наредете ги во рамномерен слој на голем плех.
Печете додека не поруменат и не станат крцкави, 10 до 20 минути.
Оставете го чипсот малку да се излади на собна температура и послужете го со сос по ваш избор.