Мексиканско ледено кафе со две состојки, кое ве спасува од топлината

Фото: Pexels
139

Бидејќи во игра се само две состојки, вкусот на пијалакот зависи токму од квалитетот на состојките и вештината на подготовка на кафето…


Еспресо тонико е ледено кафе во мексикански стил. Кога сонцето е жешко, ладен тоник и еспресо се сервираат со мраз и се пијат под сомбреро.

Нема потреба од додавање шеќер бидејќи него веќе го има во газираниот пијалак, а меурчињата даваат дополнителна доза на освежување, дури и кога ќе се стопи мразот.
Нема правила при подготовката на пијалакот, во зависност од вкусот, на некои повеќе им одговара тоник со ѓумбир, други му даваат предност на вкусот со грејпфрут, а некои сакаат класичен.

Ако две еспреса ви се кофеинска бомба, држете се до едното и истурете го во чаша со мраз и тоник кога ќе се олади.

Бидејќи се во игра само две состојки, вкусот на пијалакот зависи токму од квалитетот на состојките и вештината на подготовка на кафето – а трудот се исплати.

Редоследот е исто така важен бидејќи со додавање на кафе во тоникот ќе добиете попенлив пијалак.

За да го постигнете ова, истурете го еспресото одеднаш во чашата. По желба можете да додадете и малку лимон или лимета.