Дали ферментираниот црвен ориз помага во лекувањето на холестеролот?
Ферментираниот црвен ориз содржи монаколин К, истата активна состојка која се наоѓа во лекот за намалување на холестеролот ловастатин. Покрај тоа, има и други здравствени придобивки.
Се верува дека популарната состојка во кинеската медицина, ферментираниот црвен приз (red yeast rice) има антиинфламаторно и антиканцерогено дејство и го намалува високиот холестерол.
Што е ферментиран црвен ориз?
Состојка што се користи во азиското готвење и традиционалната кинеска медицина, ферментираниот црвен ориз се произведува со помош на специфичен тип на мувла.
Може да се најде во форма на прав или да се зема како орален додаток, а неговата импресивна листа на здравствени придобивки инспирирала многу научни студии – се верува дека го намалува холестеролот и воспалението.
Истражувањето исто така покажало дека состојката може да има антиканцерогени својства и може да го подобри нивото на шеќер во крвта и инсулинот.
Како функционира ферментираниот црвен ориз?
Содржи монаколин К – истата активна состојка која се наоѓа во лекот за намалување на холестеролот ловастатин.
Поради оваа причина, ферментираниот црвен ориз може да биде поисплатлив начин за лекување на високиот холестерол, со помалку несакани ефекти од лековите на рецепт.
Меѓутоа, некои студии сугерираат дека неговиот безбедносен профил е сличен на оној на синтетичките статини.
Содржи стероли, кои се познати и по нивните ефекти за намалување на холестеролот и мононезаситени масни киселини, за кои се верува дека помагаат во губење на тежината, го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и исто така го намалуваат воспалението.
Се верува дека ферментираниот црвен ориз помага во лекување или намалување на ризикот од метаболички синдром (комбинација од дијабетес, висок крвен притисок и дебелина).
Една од карактеристиките на оваа состојба е отпорноста на инсулин, каде што телото не го користи инсулинот ефикасно за да го намали нивото на гликоза.
Една мала студија покажала дека земањето може да ја намали отпорноста на инсулин, помагајќи да се намалат скоковите на нивото на шеќер во крвта.
Во текот на изминатите неколку децении, многу студии кои ги истражуваат потенцијалните здравствени придобивки од ферментираниот црвен ориз дале ветувачки резултати.
Прегледот од 2017 година покажал дека во 21 испитување има позитивно влијание врз намалувањето на лошиот холестерол.
Сепак, треба да се направат повеќе истражувања за да се утврдат неговите долгорочни ефекти. Дополнително, дозата на главната активна состојка, монаколин К, може да варира помеѓу суплементите, така што не можеме да претпоставиме дека здравствените придобивки забележани во постојните истражувања директно ќе се претворат во производи без рецепт.
Како влијае на холестеролот?
Во една студија, на 79 пациенти на возраст меѓу 23 и 65 години им била дадена дневна доза од 600 мг ферментиран црвен ориз во текот на осум недели.
На крајот од периодот на лекување, пациентите кои го земале овој додаток покажале значително намалување на нивото на липопротеини со ниска густина (лош) холестерол, во споредба со контролната група.
Отпорност на инсулин
Во едно истражување, по 18 недели, 59 учесници кои земале додаток кој содржи ферментиран црвен ориз покажале намалување на отпорноста на инсулин, како и намалување на лошиот холестерол.
Покрај тоа, се покажало дека нивото на шеќер во крвта е пониско после оброк, во споредба со плацебо.
Но, оваа студија била спроведена во релативно краток временски период, па затоа се потребни повеќе истражувања за да се утврдат трајните ефекти.
Го намалува воспалението
Во студија од 2017 година, на 50 пациенти со метаболички синдром им била дадена комбинација од ферментиран црвен ориз и екстракт од маслинка.
На крајот од испитувањето, овие учесници имале намалени нивоа на биомаркери за оксидативен стрес, кој е клучна причина за хронично воспаление.
Повторно, треба да се спроведат поголеми студии во подолги временски периоди за да се утврдат дефинитивни резултати.
Рак на простата
Студија во епрувета ги споредила антиканцерогените својства на црвениот ферментиран ориз.
Една студија покажала дека црвениот ориз може да го намали растот на клетките на ракот.
Сепак, потребни се дополнителни студии пред да можеме да ја претпоставиме неговата ефикасност како третман за рак или превентивна мерка.
Потенцијални несакани ефекти
Ферментираниот црвен ориз треба да биде безбеден за повеќето здрави возрасни лица, но има некои исклучоци.
Не се препорачува за бремени жени и доилки.
Исто така, не се препорачува за луѓе кои страдаат од заболување на црниот дроб или бубрезите, или оние кои земаат статини или лекови за намалување на холестеролот.
Потенцијалните несакани ефекти може да вклучуваат: главоболки, вртоглавица, надуеност, гасови и болки во стомакот, додека посериозните реакции може да доведат до мускулна болка, токсичност на црниот дроб или симптоми на алергија.
Треба да се консултирате со лекар пред да земете ферментиран црвен ориз и секогаш да ја следите дозата наведена на пакувањето.