Тревата и дрвјата молат за малку вода: Како умира зеленилото во градот?

100

Ова е сликата низ Скопје, кадешто некогаш зеленилото беше наводнувано дури и повеќе отколку што треба, а сега, очигледно, освен големите горештини, виновници за тоа што наместо зеленило имаме многу повеќе „жолтенило“, се и надлежните.

Сушењето на дрвјата во Скопје се случува повеќе години наназад и не е појава која е присутна само годинава. Иако, ова лето е особено сушно што сигурно придонесува за опаѓање на нивото на подземните води, што негативно се одразува на дрвјата.

Така, ако кога ние бевме деца беше актуелно она: Тревата моли, не гази ме, боли, сега би било поактуелно ова: Зеленилото дехидрира, моли за инфузија.

Сува трева и бројни дрвја со исушени гранки. Ова е сликата низ Скопје, кадешто некогаш зеленилото беше наводнувано дури и повеќе отколку што треба, а сега, очигледно, освен големите горештини, виновници за тоа што наместо зеленило имаме многу повеќе „жолтенило“, се и надлежните.

Па се прашуваме, дали град Скопје и ЈП Паркови и зеленило ги извршуваат своите задачи за кои се уредно платени од парите на жителите?

Имено, секој месец граѓаните им плаќаат на градските јавни претпријатија за повеќе услуги, меѓу кои и за водна услуга, собирање смет и секако – надоместок за одржување на јавното градско зеленило. 

А зеленилото полека умира и заедно со ѓубрето по улиците дава навистина тажна слика на градот.