Луто пиперче за добро здравје! Го намалува нивото на холестерол и триглицеридите, ризикот од рак на простата, спречува болка …

149

Едно луто пиперче на месечно ниво е доволно за да се намали ризикот за смртоносен срцев или мозочен удар, за дури 13 проценти!

Ако сакате да јадете луто, правете го тоа слободно бидејќи по 1 до 2 лути пиперчиња на ден се благотворни за нашето здравје. 

Капсаицинот во нивниот состав, не само што им дава лутина, туку поседува и неколку лековити својства, заради кои лутите пиперчиња се сметаат за многу здрава намирница.

Истражувања направени на Универзитетот во Вермонт, кои биле спроведени во период од 6 години, покажуваат дека дефинитивно постои тесна врска помеѓу консумирањето на лута храна и стапката на смртност.

Имено, студијата укажува на тоа дека само едно луто пиперче на месечно ниво е доволно за да се намали ризикот за смртоносен срцев или мозочен удар, за дури 13 проценти!

Но, што всушност се случува во нашиот организам кога јадеме луто?

Лутата храна помага при слабеење
и помага во регулирање на нивото на шеќер

Научниците напоменуваат дека лутата храна помага при согорување на калории и забрзување на метаболизмот, вклучувајќи ја и способноста на телото да го обработи шеќерот, што во голема мера може да го намали ризикот од заболување од дијабетес, но и да ви помогне да ослабите.

Секој пат кога ќе изедеме храна која содржи јагленихидрати, нашето ниво на шеќер во крвта се менува.

Меѓутоа, со додавање на лути пиперчиња во јадењето, се спречува скокот на шеќерот во крвта при оброкот, покажа истражувањето спроведено од страна на нутриционисти, уште пред десетина години. Ова се покажало како особено делотворно кај пациенти заболени од дијабетес тип 2.

Мажите кои консумираат лута храна имаат повисоко ниво на тестостерон

Ова го покажуваат резултатите на една психолошка студија, значи не се работи за физиолошки докази, туку за корелација.

Имаат антивоспалителни својства

Благодарение на капсаицинот, чили пиперчињата имаат антивоспалителни својства.

Тој има способност да ги блокира супстанциите кои предизвикуваат воспаленија, па редовното консумирање на чили, потврдено помага против артритис, велат повеќе научни студии.

Спречуваат болка

Најновите истражувања потврдуваат дека чили пиперчињата не само што ја намалуваат болката при артритис, туку и помагаат при проблеми како псоријаза и дијабетска неуропатија.

Го поддржуваат здравјето на кардиоваскуларниот систем

Постојат студии кои покажале дека лутите пиперчиња го намалуваат нивото на холестерол и триглицеридите, со што овозможуваат подобар проток на крвта. Народите, во склоп на чија култура се јаде лута храна, имаат доста помал процент на срцеви болести, мозочен удар и тромбоза.

Го подобруваат варењето

Спрема ајувердата – индиската народна медицина, лутите пиперчиња го стумилираат апетитот и го подобруваат варењето. Според неа, доброто варење на храната, на телото му ги дава неопходните хранливи материи и енергија, додека храната која не се вари добро доведува до создавање на токсини.

Лутите пиперчиња го поттикнуваат имунитетот

Ова посебно важи за убаво црвените пиперчиња. Тие во својот состав содржат висока количина на бета каротен или провитамин А. Само неколку лажички чили дневно, во телото обезбедуваат доволни дози на витамин Ц и А, кои се важни за превенција од инфекции.

Спречуваат рак на простатата

Истражувањата покажале дека капсаицинот помага во уништувањето на клетките на ракот. По 4 недели од терапија со капсаицин, било постигнато стопирање на растот и развојот на клетките на рак кај животните, а големината на туморот била намалена.