Како да направите совршен бешамел сос?

Фото: Freepik
134

Бешамел сосот е направен од три состојки – мешавина од еднакви делови од брашно и маснотии (најчесто путер), измешани со млеко, но има неколку додатоци со кои можете да го направите повкусен

Бешамел сосот го подобрува вкусот на јадењето, но ако случајно не ви успева секогаш, овие совети ќе ви помогнат.

Бешамел сосот е направен од три состојки – мешавина од еднакви делови од брашно и маснотии (најчесто путер), измешани со млеко.

Мазниот бел сос има безброј намени сам по себе или како состојка за правење други сосови.

За да го направите сосот бешамел вкусен, француските готвачи ги даваат следниве совети:

1. Во путерот додадете го меленото морско оревче, по можност користете браон путер.

2. Додадете малку сенф, ќе го подобри вкусот.

3. Бидејќи може да изгори побрзо од другите сосови, никогаш не правете бешамел на силен оган.

4. Обидете се да го направите со ГИ путер (прочистен путер), бидејќи го спречува сосот да порумени.

5. Додадете билки во сосот, како мајчина душица, ловорови листови и зачини како зрна бибер или коријандер.

6. Користете ладно млеко. Мора да користите млеко со висока содржина на масти, а за да избегнете грутчиња, млекото треба да биде ладно, но не од фрижидер, туку на собна температура.