Јаболковиот оцет го намалува шеќерот, холестеролот и апетитот, но има и еден несакан ефект

Фото: Freepik
505

Јаболковиот оцет содржи и природни пробиотици кои благотворно делуваат на здравјето на цревниот микробиом

Главно го користиме како поблага варијанта за разни салати, маринади, но и како природно средство за чистење на домот.

Сепак, во последните неколку години, јаболковиот оцет повторно стана вистински хит, особено за проблемите со покачен холестерол и шеќер во крвта.

Традиционално се прави од свежо исцеден сок од јаболко кој ферментира.

Кон него се додаваат квасец и шеќер. Квасецот и бактериите ги претвораат шеќерите во оцетна киселина, а таков оцет всушност може да се направи од секое овошје.

Исто така, јаболковиот оцет содржи природни пробиотици, а познато е нивното благотворно дејство врз здравјето на цревниот микробиом и антиоксиданти кои помагаат да се спречи оштетувањето на клетките предизвикано од стареењето.

Здравствени придобивки од јаболковиот оцет

Придонесува за постабилни вредности на шеќерот во крвта

    Постојат неколку студии кои докажуваат дека пиењето јаболков оцет пред оброк, особено наутро на празен стомак, го спречува наглото зголемување на шеќерот во крвта.

    Еден од најпознатите поборници на овој начин на регулирање на шеќерот, француската биохемичарка Џеси Иншауспе, стекнала многу фанови и следбеници, особено кај дијабетичарите, поради нејзиниот едноставен начин да објасни како да постигнете постабилни вредности на шеќерот во крвта со јаболков оцет.

    Таа не е единствената која верува во моќта на овој оцет.

    Нутриционистката Аманда Сауцеда исто така верува дека моќта на јаболковиот оцет е добра за сите.

    Резултатите од систематскиот преглед и мета-анализата покажале дека консумацијата на јаболков оцет значително го намалува нивото на гликоза во крвта на гладно доколку се консумира повеќе од осум недели.

    Обезбедува добри вредности на холестерол

      Според резултатите од податоците објавени во BMC Complementary Medicine and Therapies, консумацијата на јаболков оцет значително го намалила вкупниот серумски холестерол и го зголемила HDL, односно добриот холестерол (може да помогне во намалувањето на ризикот од срцеви проблеми) кај испитаниците.

      Дополнително, некои докази сугерираат дека земањето јаболков оцет може да помогне во намалувањето на вкупниот холестерол и триглицеридите.

      Една 12-неделна студија ги истражувалае ефектите од земање јаболков оцет кај луѓе на нискокалорична диета.

      Истражувачите откриле дека учесниците кои го земале овој оцет не само што изгубиле повеќе килограми од оние кои земале плацебо, туку имале и пониски триглицериди и вкупен холестерол.

      Придонесува за слабеење

        Оцетот не е волшебен напиток и без целосна исхрана и вежбање нема многу да придонесе за слабеење.

        Но, ако се држите до сето горенаведено, додавањето на јаболков оцет во вашата рутина може да биде корисно.

        Во прилог на тоа говорат резултатите од студијата во International Journal of Exercise Science.

        Оние испитаници кои земале 30 милилитри јаболков оцет во текот на четири дена ја намалиле телесната тежина и маснотиите.

        Ја подобрува апсорпцијата на хранливи материи

          Овој факт е особено важен.

          Придобивките од јаболковиот оцет се користат и за здравјето на цревата, односно се одлични за алкализирање на телото.

          Според истражувањата, киселоста може да го подобри и поддржи квалитетното варење.

          „Оцетната киселина во јаболковиот оцет може да го стимулира производството на дигестивни ензими кои помагаат во разградувањето и апсорпцијата на хранливите материи од храната“, објаснува д-р Ван На Чун за Eat This.

          Го намалува апетитот

            Воведувањето на јаболков оцет во вашата дневна рутина може да ви помогне да се чувствувате сити.

            Една француска студија покажала дека додавањето на овој оцет во исхраната богата со масти значително го намалува апетитот кај некои стаорци.

            Затоа, според овие научници, не може да биде лошо да го пробате истото и во вашата исхрана.

            Помага при рефлукс

              Гастроезофагеалната рефлуксна болест не е воопшто пријатна и бара прилагодување во секојдневниот живот.

              Со внесување на овој пробиотик во цревата, обезбедуваме добри бактерии кои го поддржуваат дигестивниот баланс и ги ублажуваат симптомите на ГЕРБ.

              Една интересна студија покажала дека гумата за џвакање направена од јаболков оцет, екстракт од сладунец и папаин, ензим кој се наоѓа во папајата, ефикасно ги намалува киселините и рефлуксот на киселина.

              Меѓутоа, бидејќи оцетот бил комбиниран со други состојки, истражувачите не можат да заклучат дека тоа е причината што го помогнала рефлуксот.

              Потенцијални опасности

              Иако се покажа дека јаболковиот оцет е навистина корисен на многу начини, тој има и помалку пожелни страни.

              Една од нив е дека пиењето на оваа течност може да ја оштети забната глеѓ поради оцетната киселина. Сепак, ова се однесува на големи количини.

              За да избегнете оштетување, разредете го јаболковиот оцет со вода и користете сламка кога го пиете.

              Исто така, некои од испитаниците во студијата објавена во International Journal of Obesity изјавиле дека чувствувале мачнина кога го пијат.

              Како да воведете јаболков оцет во вашата дневна рутина

              Разредете го: Измешајте до две лажици јаболков оцет во чаша вода за да избегнете оштетување на забната глеѓ.
              Додадете мед или лимон во напитокот: Доколку ви е тешко да пиете оцет разреден со вода, додадете лажица мед или сок од лимон, што дополнително ќе го подобри вкусот.
              Користете го при готвење: додадете мала количина од овој оцет во супи, чорби и маринади за зачинет вкус.

              Додадете го во смути.