Сите знаат за путер од кикиритки, лешници и бадеми, но сигурно не сте пробале намаз од костени! Овој домашен намаз е посебно осмислен рецепт со богат вкус и совршена текстура, а не можете да го купите никаде.
Состојки:
150 г костени
50 г ореви (или бадеми)
3 лажици масло од тиква
2 дцл вода
Прстофат сол
Приготвување:
Најпрвин испечете ги костените. Загрејте ја рерната на 200°C, засечете ги малку и печете ги 30-тина минути.
Готовите костени оставете ги да се оладат и излупете ги. За тоа време во истиот сад за печење ставете ги оревите и потпечете ги кратко.
Костените и оревите ставете ги во блендер и мешајте 3-4 минути.
Додадете масло, сол и вода па мешајте додека не добиете кремава структура.
По желба можете да додадете уште малку сол, масло или вода.
Ставете го намазот во стаклена тегла и чувајте го во фрижидер.