Видови замрзнат зеленчук со кои може да го намалите воспалението во телото

Фото: Pexels
206

Прочитајте кои се шесте најдобри видови на замрзнат зеленчук кои можат да помогнат во борбата против воспалението во вашето тело

Купувањето замрзнат зеленчук може да ви помогне да внесете повеќе зеленчук и да го намалите воспалението во телото во исто време, а помеѓу замрзнатите намирници кои вреди да се јадат се грашокот, слатките компири и зелениот лиснат зеленчук.
Вклучувањето антиинфламаторни намирници, како што се различните видови зеленчук, во вашата исхрана може да помогне во одржување на хроничното воспаление под контрола.

Повеќето од нас претпоставуваат дека свежиот зеленчук е најдобриот избор.

Меѓутоа, ова е вообичаен мит. Замрзнатиот зеленчук е исто толку хранлив. Исто така, често е попрактично бидејќи доаѓа претходно измиено и исечено.

Шесте најдобри видови на замрзнат зеленчук кои можат да помогнат во борбата против воспалението во вашето тело:

Грашок

Грашокот не добива толку внимание како другите зелени зеленчуци како кељ или спанаќ, но не заборавајте го. Една чаша варен грашок обезбедува повеќе од 10 проценти од дневната вредност на витамин Ц, антиоксидант кој може да го намали воспалението.

Исто така, грашокот содржи различни фитонутриенти како флавоноиди, каротеноиди и полифеноли, а сите помагаат во борбата против воспалението и оксидативниот стрес што може да ги оштети вашите клетки.

Сладок компир

Додека белиот компир често се означува како „лош“ јаглехидрат, слатките компири се генерално поздрава опција. Слаткиот компир е богат со два витамини познати по своите антивоспалителни својства, витамините А и Ц. Имено, еден среден сладок компир обезбедува повеќе од 100 отсто од дневната вредност на витаминот А.

Брокула и карфиол

Брокулата и карфиолот генерално ги имаат истите антиинфламаторни својства.

На пример, и двете храни се добри извори на витамин Ц и се преполни со антиинфламаторни соединенија како сулфорафан, за кој се покажа дека го намалува воспалението и оксидативниот стрес.

Мешавина од пиперка и црвен кромид

Чувањето на кесичка мешавина од пиперка и црвен кромид во замрзнувачот е одличен начин да се намали времето за сечкање. Оваа мешавина е исто така лесен начин да ја наполните вашата чинија со различни антиинфламаторни соединенија.

Пиперките се богати со витамин Ц, кој се бори против воспалението.

Тие исто така содржат флавоноид кверцетин, кој помага во заштитата од хронични болести како што се дијабетес и рак. Патем, црвениот кромид е богат и со кверцетин, па комбинирањето на овие два зеленчуци ги удвојува придобивките.

Зелен лиснат зеленчук

Замрзнатиот спанаќ не е единствениот лиснат зеленчук кој добро поднесува замрзнување. Кељот и зелјето се исто така одлични опции, особено кога сакате да додадете повеќе антиинфламаторна храна во вашата исхрана.

Додека некои замрзнати зеленчуци можат да станат водени и кашести кога се загреваат, лиснатиот зеленчук обично ја задржува својата структура.