Ако се суви, избледени и без мирис, не ги јадете!

Фото: Pexels
75

Печурките се дефинитивно храна која треба почесто да се наоѓа на нашите маси. Но бидете внимателни, не смеат да се стари, значи, суви, избледени и без мирис. Свежите печурки не можат да стојат премногу долго, а со стоењето можат да станат дури и токсични!

Ретко која намирница покрај толку задоволство, предизвикува и толку многу сомнежи. Најпрепознатливи, а поради тоа и најприсутни на пазарите и продавниците се шампињоните, буковките, вргањот и лисичарката.

Без разлика за кој вид на печурка станува збор, едно е сигурно: печурките содржат протеини кои се многу слични во составот со протеините од животинско потекло и како такви се биолошки повредни од растителните. Печурките се преполни со витамини Б и Д, а многу видови содржат каротин (провитамин А) и витамин Е. Минералниот состав на печурките е исто така вреден за човечкото тело. Тука наоѓаме: калиум, фосфор, железо.

Според тоа, печурките се дефинитивно храна која треба почесто да се наоѓа на нашите маси.

Кога купувате печурки, внимавајте да не се стари, значи, суви, избледени и без мирис. Свежите печурки не можат да стојат премногу долго, дури и со стоењето можат да станат токсични! Покрај тоа, младите примероци се похранливи и полесно сварливи.

Имено, печурките обично тешко се варат, дури и оние со највисок квалитет. Затоа, треба да се јадат умерено. Луѓето со алергии треба да бидат особено внимателни.
При чистење на печурките треба да им се отстрани само она најнужното, односно скапаните и тврди црвливи делови. Кожата на главчето е најароматичниот и највкусен дел од печурката, па затоа не треба да се лупи. Се отстранува само ако е премногу валкана и не може да се измие. Исто така, не е добро да се биде премногу ревносен во чистењето печурки затоа што на тој начин им се одзема она што ги прави најдобри – вкусот и мирисот.

Не се препорачува миење премногу долго, особено не на исечените печурки. Само измијте ги темелно и брзо, исушете ги добро, а потоа исечете ги.

Тенок филм одозгора е знак кој кажува дека печурката е расипана. Ако ги фатите навреме и веднаш ги зготвите, можете да ги спасите и да добиете уште еден оброк, но откако ќе почнат лигите, и кога ќе почнат да потемнуваат ида добиваат кашеста текстура, укажува натоа дека повеќе не се за јадење.

Запомнете: Целите печурки се чуваат подолго од исечените и остануваат свежи подолго кога се чуваат во нивната оригинална амбалажа.