Дали би го пробале сендвичот на Елвис Присли? Путер од кикиритки, банана и сланина

Фото: Pexels
32

Едно од најпознатите јадења што ги сакал Елвис Присли бил сендвичот со путер од кикиритки, банана и сланина. Се верува дека оваа комбинација првпат ја пробал за време на една од неговите турнеи, па потоа често го нарачувал. Дали би ја пробале оваа калориска бомба?

Елвис Присли, една од највлијателните културни икони на 20 век, водел турбулентен живот и бил познат по своите необични и често нездрави навики во исхраната.

Неговата исхрана ја одразувала неговата љубов кон богатата, калорична и традиционална јужна храна како пржено пилешко, пире од компири или грав со ребра и сланина.

Сендвич од речиси илјада калории

Едно од најпознатите јадења што ги сакал Елвис бил сендвичот со путер од кикиритки, банана и сланина. Се верува дека оваа комбинација првпат ја пробал за време на една од неговите турнеи, а сендвичот наводно настанал во 70-тите години на минатиот век.

Овој сендвич е комбинација од калорични состојки и силни вкусови, што го воодушевило Присли, па познато е дека често го нарачувал.

Постои приказна дека тој еднаш дури и со приватен авион отишол од Грејсленд до Денвер само за да проба сендвич познат како „Fool’s Gold Loaf“ од Глејдис Дајнер. Сендвичот бил сличен на оној на Елвис, но вклучувал цел леб полнет со путер од кикиритки, џем и сланина.

За сендвичот на Елвис Присли ви се потребни:

Бел тост леб
путер од кикиритки (густо намачкан на лебот)
банани (обични зрели, пржени или испасирани банани)
пржена сланина
путер (на кој лебот се препекува и му дава дополнителна маснотија и крцкавост)

Најпрво во тава пропржете ја сланината додека не стане крцкава, а потоа ставете ја на хартиена крпа за да го впие вишокот маснотии.

Намачкајте путер од кикиритки обилно на едната страна од белиот тост леб и ставете ја исечената банана на таа страна од лебот.

Врз бананата ставете ја пржената сланина, соединете со друго парче леб и потпечете на малку путер. За дополнителна крцкавост, намачкајте ја со путер и надворешната страна на лебот, пред да го потпечете целиот сендвич во тава.

Дали би ја пробале калориската бомба на Елвис?

Погледнете го видеото подолу за да ја видите целата постапка.