Мансаф – јордански специјалитет
Овој вкусен јордански специјалитет најчесто се прави со јагнешко месо, но одлична варијанта е и онаа со кокошка, па дури, ако ги прашате вегетаријанците, многу е вкусен и без месо
Овој јордански специјалитет се прави најчесто со јагнешко месо. Ако не сте го пробале досега, испробајте го бидејќи е едноставно, а вкусно и можете лесно да го комбинирате според својот вкус. На пример, ако не јадете јагнешко, можете да го направите со кокошка, а ако не јадете воопшто месо, можете да го направите и без месо.
Иако тогаш баш и нема да е мансаф, ама сеедно, оризот е вкусен кога се прелива со сосот за мансаф и во комбинација со кикиритки.
Еве го рецептот:
Состојки:
5 канчиња кисело млеко
800 г ориз
1 јајце
печени кикиритки
сол, бибер, куркума
магдонос
2 кг јагнешко месо или 2 кокошки
Приготвување:
Прво згответе го месото.
Користете ја водата од месото за да го сварите оризот.
Одделно се става киселото млеко да се вари, се додаваат јајцето и зачините и цело време убаво се меша додека не почне да врие.
Кога ќе биде готово, наредете го во голема тава оризот, па прелијте го со сосот, потоа наредете го месото, прелијте повторно со сосот, поросете ги кикиритките и ставете го магдоносот.
По желба, при сервирањето, додавајте во чиниите уште по една- две кутлачи сос.