Дали знаевте дека тестенините имаат и свој меѓународен ден?

Фото: Pexels
19

Замислете го ова – чинија полна со фини тестенини и богат сос од домати, или шпагети карбонара, неизбежното болоњезе, кремаст сос со пармезан и печурки прелиен врз папардели, фетучини со пилешко во сочен сос или таљатели со солени лимони и инчуни…
Ако не денес, кога?!

Секој голем настан за човештвото има свој ден кога се одбележува, односно се слави успехот постигнат по тој повод. Така, имаме Ден на жената, Ден на шегата, Ден на трудот и други, па зошто да не го имаме и денот на најпродаваниот и најомилениот прехранбен производ во светот – Денот на тестенините?
Светскиот ден на тестенините се одбележува секој 25 октомври, почнувајќи од 1995 година.
Замислете го ова – чинија полна со фини тестенини и богат сос од домати, или шпагети карбонара, неизбежното болоњезе, кремаст сос со пармезан и печурки прелиен врз папардели, фетучини со пилешко во сочен сос…

Има бескрајна листа на омилени јадења во кои главна ѕвезда се неодоливите тестенини.

Само да знаете, тестенините доаѓаат во повеќе од 600 различни форми ширум светот.

Најпознати се италијанските – шпагети, вермичели, фусили, тортелини, лингвини, фетучини, пене…, Германците имаат шпецле, Кинезите чоу меин, Јапонците – соба нудли…, но и ние ги имаме нашите јуфки.

Зошто го славиме празникот на тестенините?

И зошто ви го пишуваме сето ова? Затоа што денес е Светски ден на тестенините, омилениот празник на сите оние кои лудуваат по оваа храна.

Светскиот ден на тестенините започна да се одбележува на 25 октомври 1995 година, за време на Светскиот конгрес за тестенини, каде експерти од целиот свет одлучија дека е неопходно на луѓето ширум светот да им се покаже различноста на тестенините и нивната разновидност и применливост во бројни јадења.

А како поинаку да го прославите Светскиот ден на тестенините, освен со омиленото јадење со тестенини?!

Еве го нашиот избор.

Тестенини со солени лимони и инчуни

Инчуни, солени лимони (рецептот за солени лимони ќе го најдете ТУКА) и пармезан создаваат совршен умами вкус, а свежите сецкани листови магдонос му даваат на ова јадење допир на свежина. И што е најважно – готово е за 15 минути!

Состојки:
сол, свежо мелен црн пипер

таљатели 350 гр

маслиново масло 0,25 шолјичка

лук 6 чешниња

инчуни 2 лажици

солени лимон 0,25 шолјичка

листови свеж магдонос 0,25 шолјичка

пармезан 60 гр

Приготвување:

Загрејте тенџере полно со вода, додадете ги тестенините и оставете ги да се сварат ал денте – 2 минути помалку отколку што пишува на пакувањето.

Зачувајте 1 чаша од водата за готвење на тестенините.

Загрејте го маслиновото масло во голема тава на средна топлина.

Додадете лук и инчуни и пржете додека не замириса, околу 30 секунди.

Додадете солени лимони и оставете да се пржи уште 30 секунди.

Додадете ги тестенините и ¾ чаша од водата од готвењето на тестенините.

Гответе 1 до 2 минути, повремено тресејќи ја тавата, додека тестенините целосно не се сварат.

Се трга од оган, се додава магдоносот и ренданиот пармезан и се продолжува со тресење на тавата. Доколку е потребно, додадете уште вода за готвење на тестенините – целта е да добиете кремаст сос.

Додадете сол и бибер по вкус и послужете со повеќе сирење, бибер, листови магдонос и малку маслиново масло.