Уметноста на долговечноста: Денес во Индија се слави богот на медицината и науката за животот

Фото: Freepik
48

Денес во Индија го слават Данвантари, богот на медицината, божеството кое се споменува и како бог на Ајурведата, позната и како наука за животот.

Сите знаеме дека здравјето е најважното нешто во животот, но на тоа обично се сеќаваме само кога ќе се разболиме.

На здравјето мора да се мисли многу порано, па затоа и зборуваме за превенција која не е само збор, туку мора да стане начин на живот.

Има болести чија причина не е само телото и чиј лек не се само таблетите и инјекциите, а превентива – вакцините. Постои еден вид на медицина чие знаење е старо преку 6000 години, а и натаму е лековито и ги лекува вашето тело, душа, ум и чувства.

Станува збор за ајурведата.

Токму денес (29 октомври) во Индија го слават Данвантари, богот на медицината, божеството кое кое се споменува и како бог на Ајурведата, науката за животот.

Ајурведата е традиционален лек кој потекнува од Индија и ги комбинира искуствата и мудроста на древните филозофи. Зборот Ајурведа е санскритска кованица од два поима – ајус, што значи живот и веда, што значи знаење, така што Ајурведата е знаење за животот, таа е „уметност на долговечноста“.

А тоа знаење од Керала, светската лулка на Ајурведата, дојде и до центарот на Скопје кадешто од 16 до 22 ноември, Ајурведа Македонија организира ајурведски консултации со ајурведски лекар кој практикува дијагностика на пулсот.

Ајурведската дијагностика на пулсот или #надипарикша е древна дијагностичка алатка која се користи во #ајурведата за да се процени целокупното здравје на еден човек.

Чувствувајќи го пулсот на различни точки, специјалист по ајурведа може да одреди податоци за состојбата на органите, ткивата и телесните системи.

Некои од предностите на пулсната дијагностика се:

Индивидуален пристап: Ајурведската дијагноза на пулсот овозможува персонализиран пристап кон заболувањата. Врз основа на информациите собрани од пулсот, специјалист по ајурведа може да создаде план за терапија кој е прилагоден на уникатните потреби на поединецот.

Рано откривање: Ајурведската дијагностика на пулсот може да открие нерамнотежа во телото пред тие да станат посериозни здравствени проблеми. Со рано откривање на нерамнотежата, едно лице може да преземе чекори за да ги превенира пред да напредува болеста.

Неинвазивност: За разлика од многу други дијагностички алатки, пулсната дијагностика е неинвазивна и не бара посебна опрема. Може да се изврши за неколку минути, што ја прави удобна и прифатлива опција за многу луѓе.

Холистички пристап: Има холистички пристап кон здравјето. Наместо да се фокусира на симптомите, се обидува да ја реши основната причина за проблемот и да го промовира општото добро.

Проактивна оптимизација на нега: Им овозможува на поединците да преземат проактивен пристап кон својата здравствена заштита.

Со разбирање на состојбата на вашето тело, можете да донесете одлуки за вашиот животен стил и навики за да промовирате оптимално здравје. Ако сте заинтересирани за оваа древна дијагностичка техника, можете да го закажете вашиот преглед со ајурведски експерт од Индија кој ќе биде во Скопје од 16 до 22 ноември.