Еве кои намирници се највкусни и најздрави во ноември

Фото: Pixabay
70

Ноември ни носи зеленчук кој е многу здрав за нашиот организам, а ова е нашата препорака за оној зеленчук кој е најдобар токму сега


Со доаѓањето на есента се менува и нашата исхрана која е побогата, но и понапорна за подготвување.

Во овој период од годината имаме на располагање повеќе готвена храна, повеќе калории, масти и протеини, кои мора да бидат избалансирани со зеленчук.

Ноември ни носи зеленчук кој е многу здрав за нашиот организам, а ова е препорака што би требало да консумирате овој месец.

Прокељ – Ова е одлично време за прокељ бидејќи студеното време ја ублажува нивната горчина. Сличен зеленчук, како што се зелката и кељот, се исто така највкусни во ова време.

За дополнителна нота на вкус, додадете масло од сусам. Изберете прокељ со интензивна боја, бидејќи тој има најмногу вкус.

Моркови – Ноември е најдобро време за нив, а тоа важи и за целерот. Нивниот скроб станува сладок по првиот мраз. Морковите одлично се комбинираат со лут пипер, целерот со мед и ореви, како и со мајчина душица и ким.

Брусница – Богата со антиоксиданти и витамин Ц, брусницата е изненадувачки разноврсна. Користете ја за сос со мисирка или јагнешко месо или ставете ја во колачи и бисквити. Кога купувате, барајте брусница со сјајна кора која отскокнува кога ќе ја испуштите, бидејќи таквите се најсвежи.

Праз – Вкусот на празот се извлекува до максимум по првиот мраз. Кога ќе го купувате, побарајте растенија чиј горен дел е светло зелен и со поголем бел дел.

Кромид – Вкусот на есенскиот и зимскиот кромид е неспоредлив со кромидот од другите годишни времиња. Побарајте кромид што има темна, подебела кора и купете ги оние што немаат дамки однадвор. Пржете го со месо или нежно динстајте го за да додадете вкус на секое јадење.