Лути пиперчиња за здраво срце и бели дробови

182

Капсаицинот е силен антиоксидант кој помага за регенерација на клетките, го јакне имунитетот и го намалува ризикот од некои видови тумори. Освен капсаицинот, лутите пиперчиња содржат и витамин Ц и каротеноиди кои ги штитат клетките на крвните жили од оштетувања, а се благотворни и за белите дробови.

Правилото дека треба да се јадат пет порции овошје и зеленчук на ден и натаму важи. Но, постојат два вида зеленчук на кои им се припишува заштитничка улога за зачувување на здравјето на белите дробови и срцето, односно, за спречување на развој на болестите кои се најчесто смртоносни, а тоа се кардиоваскуларните болести, мозочниот удар и ракот на бели дробови.

Диететичарката Џулиет Кело и лекарката Сара Бруер советуваат во исхраната да се воведат чили и останатите видови на лути пиперчиња кои ги има во најразлични бои и форми.

„Пиперчињата го зајакнуваат дејството на каротеноидите и витаминот Ц, додека чилито е поврзано со губењето на килограмите и здравјето на срцето, вели Кело.

Студиите докажале дека капсаицинот – материјата која им дава лутина на пиперчињата, многу добро делува на срцето. Еден од начините на кои делува е тоа што ги блокира гените кои предизвикуваат стеснување на жилите и обезбедува добра циркулација на крвта низ срцето. Капсаицинот е силен антиоксиданс кој помага за регенерација на клетките, го јакне имунитетот и го намалува ризикот од некои видови тумори.

Освен капсаицинот, пиперчињата и чилито се богати со витамин Ц и каротеноиди кои се исто така силни антиоксиданти кои ги штитат клетките на крвните жили од оштетувања, а се благотворни и за белите дробови.

Помагаат и кај астма и КОПБ, инаку многу тешки болести кои се типични за пушачите. Витаминот Ц од пиперчињата и каротеноидите се поврзани и со намален ризик од развој на рак на бели дробови.

Студијата од 2017. покажала дека лицата кои во високи количини внесуваат витамин Ц во организмот имаат помал ризик да заболат од рак на бели дробови. Каротеноидите од пиперчињата тој ризик го намалуваат за 34 отсто.

Истражувањето покажало дека на мажите што пушат делуваат каротеноидите, а на жените што пушат, витаминот Ц, односно, дека мажите имаат повеќе поволности од каротеноидите, а жените од витаминот Ц.