Иако станува збор за малку чудна комбинација, кога станува збор за сочен и вкусен чоколаден десерт, вреди да се проба, нели?
За овие „пијани пудинзи“ ќе ви бидат потребни само пет состојки, а ќе биде одлична можност да ги пробате во друштво во текот на попладневното дружење.
Состојки:
150 гр несолен путер (плус дополнително за подмачкување)
200 гр темно чоколадо (70% какао), грубо исечкано
90 гр кафеав шеќер
3 големи јајца
90 мл пиво Гинис
Подготовка:
Намачкајте четири мали садови за пудинг или суфле (рамекини) со путер и оставете ги настрана.
Ставете го путерот, чоколадото и прстофат сол во сад отпорен на топлина и ставете го садот врз мал сад со зовриена вода.
Мешајте на пареа додека не се растопат чоколадото и путерот, па тргнете го од оган и оставете малку да се излади.
Ставете ги шеќерот и јајцата во голем сад за матење и матете ги со миксер додека не осветлат, не пораснат речиси двојно повеќе во волумен и додека не станат доволно густи.
Нежно измешајте ги стопеното чоколадо и пивото во смесата.
Ставете ја смесата со лажица во садовите, а потоа изладете ја во фрижидер 1 час.
Загрејте ја рерната на 200°C/180°C со вентилатор и ставете тепсија за печење на горната полица за да се загрее.
Ставете ги садовите на топлата тепсија и печете ги 18 минути.
Извадете ги од рерна и оставете ги да одморат една минута пред да ги послужите, пишува BBC Food.