Посна пита со печурки

112

Оваа пита изгледа како да е со мелено месо, па можете да прелажете дури и месојадци. Инаку, токму поради печурките, таа е повкусна од која било пита со какво било месо

Рецептот за оваа посна пита со печурки и сусам ни го испрати нашата читателка Викторија Симиќ.

Вели дека оние што ја пробале велат дека е повкусна од која било пита со месо.

Одлично оди со ајвар и со печени црвени пиперки со лукче.

Состојки:

500 гр кора за пита
500 гр печурки
2 мали праза
сол, бибер, зеленчук
1 дцл масло
4 дцл кисела вода
2 дцл шолја брашно
150 гр гриз
кесичка прашок за пециво
прстофат сол

Подготовка:

Празот ситно се сечка и се пржи на врело масло кога малку ќе омекне, па се додаваат ситно сечканите печурки, сол, бибер и вегета и се пропржува додека не испари течноста.

Со миксер направете смеса од кисела вода, масло, брашно, сол, гриз и прашок за пециво.

Се премачкуваат во тенок слој 3 кори, па на почетокот на третиот се става филот и се витка во ролат (ако корите се тенки земајте по 4 кори).

Редете ги во тепсија обложена со хартија за печење. Повторувајте ја постапката додека не го потрошите целиот материјал.

Секој ролат исечете го на парчиња пред печење и одозгора премачкајте ги со малку од смесата од гриз и поросете ги со сусам. Печете на 180 степени додека убаво да се заруменат.