Овој рецепт може да се нарече на различни начини – нема да згрешиме дури и ако го наречеме џем. Може и да се подготви и на различни начини.
Некои можеби ќе додадат сол и бибер или ароматични билки.
Во овој рецепт, кромидот, маслиновото масло, шеќерот и оцетот-балсамико ќе бидат доволни за да уживате во оваа комбинација.
Нема потреба да го засладувате повеќе. Ова е совршен додаток за јадење со месо на скара, козјо сирење или препечено лепче.
Дури и ако не сакате кромид, дајте му шанса. Може да ви се допадне.
Состојки:
500 г црвен кромид
30 г шеќер
3 лажици балсамико
Приготвување:
Исечете го кромидот на половини и кратко натопете ги во вода.
Исечкајте го кромидот и пропржете го на врело масло.
Додадете шеќер и промешајте, па потоа додадете го оцетот.
Нека се вари на тивок оган околу половина час.